Реклама
Кафе муабет

Неколку знаци кои покажуваат дека нема да се разведете од вашиот партнер

Реклама

Без оглед на тоа дали неодамна сте го изговориле судбинското „да“ или пак повеќе не можете да ги изброите своите годишнини на едната рака, постојат различни знаци кои покажуваат дека вашиот брак ќе опстане.

znaci

Без оглед на тоа дали неодамна сте го изговориле судбинското „да“ или пак повеќе не можете да ги изброите своите годишнини на едната рака, постојат различни знаци кои покажуваат дека вашиот брак ќе опстане.

Маркетинг

1. Комуникацијата ви е течна

Врската во која и двајцата партнери знаат како да комуницираат еден со друг дури и во тешките времиња, е предодредена за успех. Во здравиот брак луѓето разговараат на секакви теми, како што се финансии, семејство, работа и слично. Добрата комуникација е најважната работа.

Маркетинг

2. Одржување на страста во врската

Изразувањето нежност и покажувањето емоции дополнително ќе ви помогне да се зближите и да ги поминете тешките времиња со вашиот партнер.

3. Заедно испробувате нови работи

Бракот кој е возбудлив, свеж и исполнет со нови работи, има поголеми шанси за успех. Испробувајте нови работи и ќе ја почувствувате возбудата која сте ја имале на почетокот.

4. Имате одвоени интереси

Заедничките интереси може да му помогнат на бракот, но исто така е важно секој партнер да има свое посебно хоби. Одвоените интереси им овозможуваат на партнерите да останат свои, но многу е важно и партнерот да ве поддржува во она што го правите.

5. Се почитувате

Често се вели дека добриот брак се темели на комуникацијата, довербата и почитувањето. Двостраното почитување е неопходно за кој било успешен брак, а губењето на почитта е јасен знак дека се ближи крајот на вашата врска.

6. Имате слични животни навики

Доколку еден од партнерите има нездрави навики, дефинитивно врската ќе пати. Затоа, најдобри шанси за успех имаат оние парови кои се емоционално здрави и кои знаат да се носат со сите неволји кои им ги носи животот.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button