Што се случува кога ќе измешате цвекло, морков и јаболко – напиток кој ги уништува овие болести!
Овој едноставен напиток своите волшебни својства ги должи на присуството на два скромни вида зеленчук и само едно овошје.
Што ќе добиете кога заедно ќе измешате сок од цвекло, моркови и јаболка?
Па, ништо помалку од волшебен напиток кој стекна светска популарност поради своето неверојатно влијание на здравјето. Прв пат почна да се употребува во рамките на традиционалната кинеска медицина во лечење на рак на градите и разни други заболувања. Треба да го споменеме и Рудолф Бројс, познатиот алтернативен доктор од Австрија кој целиот свој живот го посветил на пронаоѓање најдобар природен лек против карцином. Тој дојде до заклучок дека малигните клетки можат да преживеат само со помош на тврда исхрана. Тој осмисли терапија во траење од 42 дена кога пациентите можат во својот организам да внесуваат само чаеви и посебно сок од зеленчук, каде главната состојка е токму цвеклото. Со помош на оваа метода тој има излечено преку 45.000 луѓе од рак и други неизлечиви болести.
Од скромно овошје и зеленчук до суперлек
Овој едноставен напиток своите волшебни својства ги должо на присуството на два скромни вида зеленчук и еден вид овошје. Нивните лековити својства и се познати на многумина.
Јаболкото обилува со витамини А, Б група, Ц, Е и К, т.е. со минералите цинк, магнезиум, калиум, фосфор, калциум, натриум и железо. Благодарение на високото присуство на јаглени хидрати, особено на фруктоза и гликоза, јаболкото го снабдува организмот со енергија и спречува замор. Поради високото ниво на витамин Ц и антиоксиданси, јаболкото има силно имуностимулирачко дејство. Многу е ефикасно во борбата против вируси, бактерии и слободни радикали, го поттикнува слабеењето и го стимулира варењето.
Морковите се познати по витамините А, Б, Ц, Е и К. Тие содржат минерали на калциум, магнезиум, калиум и селен. Природно средство е кое го чува видот, го намалува ризикот од мозочни удари и има силно антиканцерогено дејство.
Цвеклото пак обилува со витамините А, Ц и Б, т.е. со железо, бакар, магнезиум и калиум. Познато е поради своето благотворно влијание на срцето, крвните садови, црниот дроб и целиот систем за варење, т.е. како природно средство кое штити од рак.
Дајте им надеж на заболените од рак
Овој напиток им ја враќа изгубената надеж на луѓето кои се заболени од карцином. Не е само докажано дека е корисен во лечена на рак на градите, туку го спречува развојот и на секој вид малигни клетки на рак Цвеклото содржи аминокиселина бетаин, кој има антиканцерогени својства. Цвеклото е традиционален лек и за леукемија.
Го штити срцето и крвните садови
Оваа волшебна напивка е голем пријател на срцето, благодарение на лековитите својства на морковот, јаболката и цвеклото. Во сок од моркови се наоѓа фитонутриенти кои поттикнуваат поздраво срце, како што се алфа и бета каратен, т.е. лутеин. Благодарение на јаболкото, оваа напивка позитивно делува и на зголеменото ниво на лошиот холестерол во крвта (ЛДЛ), го регулира крвниот притисок и го штити срцето од разни болести. Цвеклото помага и на артериите да ја сочуваат еластичноста и докажано го намалуваат холестеролот во крвта.
Ја поттикнува циркулацијата и штити од срцев удар
Покрај ова оваа волшебна напивка ја поттикнува циркулацијата, т.е. штити од срцев удар, потоа го поттикнува варењето и помага во слабеење, го одржува здравјето на желудникот, штити од чиреви, го регулира празнењето на цревата, го лечи хроничниот затвор, го продолжува чувството на заситеност и обилува со хранливи состојки.
Го прочистува организмот и го штити од инфекции
Природниот сок од цвекла, моркови и јаболка е ефикасен во чистење на црниот дроб и крвта, има алкално делување на организмот и помага во чистење на црнито дроб од отровни материјали, помагаат на цревата да го исфрлат остатокот од сварената храна, го одржуваат здравјето на бубрезите а поради антибактериските и антивирусните својства т.е. поради мноштвото антиоксиданси штити од инфекции и запаленија.
Додадете малку сода бикарбона во шампонот. Резултатот ќе ве воодушеви >>
И помага на кожата
Истражувањата покажаа дека овој сок има се што е потребно за совршена кожа. Помага во одржување на кожата чиста, без брунки и акни. Одлично средство е против запаленија, ги лечи кожните заболувања поврзани со вируси и бактерии како и алергиите. Богатството на природни состојки ќе го забави процесот на стареење на кожата и помага кај брчките, сувата и оштетената кожа, т.е. го враќа сјајот и еластичноста.
Го штити вашиот вид
Со помош на оваа напивка можете да го решите проблемот со суви, црвени и заморни очи. Природниот сок ќе ви помогне да ги одморите очите по долготрајната работа покрај компјутер и ќе го сочувате нивното природно здравје. Обилува со витамин А и докажано е дека помага во зачувување на видот.
Како целосно да го прочистите организмот и да го исфрлите вишокот течности со само 1 средство >>
Природен сојузник против женски тегоби
Жените кои имаат силен менструални болки треба често да го пијат овој напиток. Помага кај болните грчеви и симптомите на ПМС. Воедно го надокнадува губењето ан железо и го отстранува заморот кој е поврзан со менструалниот циклус.
Како да се ослободите од стриите – домашен рецепт >>
Зошто секојдневно треба да пиеме сок од цвекло, моркови и јаболка
Не штити од рак, го зајакнува имунитетот, го храни мозокот, поттикнува подобро помнење, го прочистува организмот, штити од инфекции и запаленија, помага при слабеење, штити и ја храни кожата, помага кај алергии ги намалува ПМС и болните грчеви, ја намалува болката во мускулите, го штити срцето и крвните садови, го зачувува видот.
Како да го подгответе вашиот еликсир дома
За подготовка на овој волшебен напиток не морате да се мачите со точно одредени количини. Според вашиот вкус можете да ставите повеќе моркови или јаболка. Но, употребите неизлупени плодови кои се органски одгледувани. Тие нутритивно се побогати и поздрави бидејќи не се третирани со пестициди и други штетни хемикалии. Оние кои сакаат да извлечат најмногу корист од овој сок, треба да стават од сите три намирници во исти количини. На пример 3 јаболка, 3 цвекла и 3 моркови. Сокот направете го во соковник – исечете ги јаболката, цвеклата и морковот и измиксајте. Процедите, излијте во тегла и чувајте во фрижидер, ако сте направиле поголема количина. Напитокот не треба дополнително да го засладувате. Но можете да му го подобрите вкусот така што ќе му додадете свеж сок од лимета или лимон кој е богат со Ц витамин. На тој начин ќе ја спречите и оксидацијата на сокот.
Препорака од фитотерапевтите – природни рецепти за исфрлање на шлајмот за возрасни и деца >>
Како да го користите
Овој сок треба да се пие наутро, на гладно. Појадувајте дури по еден час откако ќе го испиете. Напитокот можете да го пиете и по два пати на ден. Вториот пат испијте го до 17 часот попладне.
Нутриционистите препорачуваат да го пиете полека и секоја голтка по малку да ја задржувате во устата. Третманот со овој сок треба непрекинато да трае од еден до три месеци, ако сакате да постигнете долготрајни благотворни ефекти на вашето здравје.
Како да излечите настинка и грип брзо и ефикасно – 3 проверени рецепти >>