Реклама
Шминка

Внимавајте со овие маски за лице – содржат состојка поради која можете да се покаете!

Реклама

Овие црни маски се купуваат преку интернет продавници, а веројатно бројни корисници силно се покајале откако ги пробале.

Станува збор за црна маска за лице која се состои од вода, поливинилен алкохол, пропилен гликол, уреа, арома, но и соединението јодопропинил бутилкарбонат поради кој многу производи се повлечени од пазарот во ЕУ.

Маркетинг

Ова соединение е средство за убивање на живи организми, а се користи во комуналната хигиена заради дезинфекциски својства. Тој е чест професионален алерген, кој предизвикува симптоми како неконтролирано чешање, црвенило, оток и лупење на кожата.

Маркетинг

„Алергиите се доста непредвидливи, луѓето не ни знаат дека се алергични додека прво не дојдат во контакт со некои одредени алергени, а проблемот е во тоа што повеќето производители не ги пишуваат сите состојки на своите производи. Новите производи треба најпрво да ги тестирате со ставање на мала површина на кожата и потоа да почекате некое време да видите дали ќе има некоја реакција“, предупредуваат дерматолозите.

„Јодопропинил бутилкарбонат може да предизвика иритација, а алергиите и иритациите исто така можат да се манифестираат, па така ако иритацијата се повтори може да премине и во алергија. Морате повеќе пати да користите производ за да знаете дали станува збор за алергија“ вели дерматологот др Динко Калетерна. Оваа состојка се наоѓа во разни премази кои се употребуваат во подрачјето на бои и лакови, а неговата улога е заштита од штетници кои го напаѓаат дрвото. Инаку, токму јодопропинил бутилкарбонат е виновен за тешкото тргање на маската од лицето, која според упатството мора да се држи 60 минути.

Младата Кечет Рејнор од Мериленд неодамна ја тестираше кремата и своето искуство го сподели на Јутјуб. Во случај да имате дерматолошки проблем, ве советуваме да го посетите вашиот лекар, како би ви препорачал која маска одговара најдобро за вашето лице.

{youtube}NrElFQg5au0{/youtube}

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button