Реклама
Кафе муабет

Верници, се ближи вистинскиот момент кога треба да ја посадете Божиќната пченица! На Свети Никола започнува сé

Реклама

Пченичните зрна може да се стават и без земја. Доволно е само да се распоредат по дното на садот, така што во потполност да го прекриваат.

Оставете до рабовите на чинијата барем 1 сантиметар бидејќи пченицата со ‘ртењето ќе се прошири. Полевајте умерено. Најдобро е само да прскате со вода, еднаш до два пати дневно. Може во средината на садот да се остави простор во којшто ќе се стави свеќа. За да го постигнете тоа, во средината на садот ставете мала чашка (за ракија), а потоа наросете ги зрната пченица околу чашата, до рабовите на чинијата.

Маркетинг

Посадената пченица може да ја прекриете со памучна ткаеина, натопена со вода. Ткаенината се става врз пченицата, за зрната рамномерно да набабрат и да добиваат доволно количество на влажност. Кога ќе се појават првите никулци, ткаенината треба да се отстрани за пченицата да може слободно да расте. Пред да се стави на трпезата, житото со ножички исечете го за да биде рамно, бидејќи ретко кога расте рамномерно. На Бадник ставете ја свеќата на средина, а пченицата врзете го со црвена машна или трака.

Маркетинг

Совети

Добро е пченицата да се натопи во вода и два дена пред да ја посадите. Зрната се мотаат во намокрена крпа и се оставаат ден или два да набабрат и да пуштат никулци. Ако задоцните, само ставете ги во потопла просторија и на светло место за побрзо да израснат. Скратениот дел од житото може слободно да го искористите за јадење, на пример, може да ги декорирате салатите. Изртеното жито е исклучително здраво и се користи во исхраната.

На што треба да внимавате?

Пченицата не треба да стои на многу топло место, блиску до радијатор или печка. Повеќе ѝ одговара побавно да расте на собна или пониска температура. Не треба да ставате и премногу пченица, за да не израсне премногу густо. Доволен е само еден ред зрна.

Не заливајте прекумерно, подобро е почесто само да пропрскувате, односно да оросувате. Во чинијата не смее да се задржува премногу вода.

Извор: Pindzur.com

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Претходна страница 1 2

Поврзано

Back to top button