Реклама
Кафе муабет

Позлатен вибратор во кој вдовиците можат да ја чуваат пепелта на своите починати партнери?!

Реклама

 

Па како би сакале да ве запомни саканата откако ќе починете? И каков спомен планирате да и оставите?

 

Маркетинг

 

Маркетинг

 

Што велите за тоа пепелта да ви ја спакуваат во позлатен вибратор, па вашата партнерка да може да се сеќава на вашите заеднички интимни моменти и откако ќе заминете во „вечните ловишта“?
 

Секако дека ова не е еден од честите одговори на прашањата погоре, но дизајнерот Марк Стуркенбум се надева дека оваа идеја на некој ќе му се допадне (Дали познавате некој што би сакал да го купи ова? Ние, искрено не познаваме, освен можеби два-тројца, но тие немаат партнерки!)

 

Марк дизајнираше бела кутија во која покрај вибраторот се наоѓаат и една огрлица (со клуч) и музичко појачало на кое треба да се пушта музика која потсетува на покојникот. Во кутијата има и мирис дифузор и позлатена урна.

 

Но, да бидеме искрени, дали вибраторот во кое има пепел од покојник е нешто што некој би го посакал како поклон? Објаснувајќи го својот несекојдневен и бизарен изум, господинот Стуркенбум вели: „Откако некој си помине, недостатокот од интимата со таа личност е само еден аспект од болката и тагата. Понекогаш и помагам на една постара дама на која и ги носам намирниците. Таа ја чува пепелта од нејзиниот сакан во вазна покрај прозорецот. Таа постојано зборува со голема љубов за него, но тоа што тој е во тегла воопшто не може да го рефлектира сето тоа.“

 

„Во истиот период читав една статија во која пишуваше нешто за вдовици, табуа, секс и интимноста и си помислив дали може да се комбинираат сите овие работи и да се добие објект кој ќе биде поврзан со љубовта, но во исто време и со интимното чувството кога некој навистина ви недостига.“

 

 

Кутијата која што се вика 21 грам „ја претставува тежината на човечката душа“, вели дизајнерот за овој бизарен производ.

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button