Реклама
Коса

Три растенија за побрз раст на косата

Реклама

Губењето на косата е нормално во нормални количини, но прекумерното опаѓање на косата може да биде сериозен проблем со кој за жал се соочуваат многумина.

Покрај низата надворешни и внатрешни фактори, треба да имате во предвид дека на состојбата на вашата коса во голема мера влијае и вашата исхрана.

Маркетинг

Дали сте знаеле дека ако јадете лути пиперчиња може да ви се згусне косата? Но, пред да почнете со консумирање на пиперчињата консултирајте се со доктор.

Маркетинг

Добрата вест е во тоа што доколку имате ваков проблем со косата, не морате да се изложувате на штетни хемикалии и третмани за да го поттикнете растот на косата. Група научници кои го објавија својот труд во „Журналот за козметичка дерматологија“ откриваат дека некои растенија одлично делуваат во спречувањето на губењето на косата.

Еве дел од тие растенија:

Лук

Во истражувањето 20 од 23 лица ја триеле косата со сок од лук. Тоа го правеле 2 пати на ден во период од 6 недели. По 6 недели густината на косата им се зголемила, а се намалило нејзиното опаѓање. Според научниците, опаѓањето запрело поради флавоноидите кои делуваат против запаленијата.

Лути пиперчиња

Научниците докажаа дека кај лицата што секојдневно земаат по 5мг суплемент од лути пиперки по 5 месеци може да се забележи зголемување на густината на влакната. Но, тие предупредуваат дека пред да се почне со консумирање на лути пиперчиња треба да се консултираме се со доктор.

Алое вера

Алое верата веќе со столетија се користи за поттикнување на растот на косата. Според научниците, одлична комбинација е со рузмарин и жалфија. Рузмаринот го поттикнува растот на косата, а жалфијата ќе се погрижи за нејзина поголема отпорност на надворешните фактори.

Извор: CentarZdravlja.net

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button