Реклама
Шминка

Три бои на лакови за нокти кои ќе го одбележат ова лето

Реклама

Постојат модни совети кои никогаш не треба да ги пропуштиме, а таквите се и оние кои се поврзани со маникир трендовите кои ќе ја одбележат и ова сезона.

Изгледот и бојата на ноктите треба да одговараат на изборот на облеката, но и фризурата и бојата на косата, па доколку сакате вашиот целосен стајлинг да го доведете до совршенство, како и да бидете во чекор со трендовите, дотерајте ги вашите нокти во најмодерните бои за оваа сезона. Покрај портокаловата боја и пастелните тонови како што се нежната розова и бебешката сина, оваа година во тренд ќе бидат и розовата и циклама, како и нежните зелени пеперминт нијанси, а колку и да ви звучи чудно, оваа сезона вистински хит се и коралните нијанси.

Маркетинг

А кралицата на коралните нијанси за оваа сезона е…

Доколку ги сакате силните бои на нокти тогаш коралните нијанси се вистинскиот избор за вас, без разлика дали ќе ги носите со вашите бикини на плажа или пак со вашите омилени летни комбинации. Станува збор за сензуална и впечатлива боја која ќе ја освежи секоја комбинација и кои особено одговараат за летните месеци. Постојат цела палета на корални бои –од корално портокалови нијанси, па се до корално розови и црвени нијанси, а за сите нив карактеристично е тоа што сите го имаат опивливиот и неодолив тропски сјај во себе.

Маркетинг

 КОРАЛНА БОЈА 

Supreme Nail Enamel No. 180

Наш предлог за оваа сезона е новата корална нијанса No 180 од лаковите за нокти Supreme од познатиот бренд за козметички производи Seventeen. Лаковите Supreme од SEVENTEEN се базираат на нова подобрена формула и доаѓаат во широка палета на бои така што лесно ќе ја најдете онаа што најмногу ви одговара и со која ќе ги заокружите вашите летни комбинации. Имаат екстра сјајни бои, долго траат, брзо се сушат, а специјалната четка гарантира совршено нанесување.

 THINK PINK 

Supreme Nail Enamel No. 183

Розовата е ИТ боја за оваа сезона и таа веќе не е наменета само за слатките мали девојчиња. Таа има многу лица, а нам најдрага ни е новата летна варијанта No 183. Оваа боја е одлична замена за црвената и најдобро изгледа со уредни и кратки нокти, без дополнителни украси додека на долгите нокти, особено оние кои се обликувани во шпиц ваквиот лак би можел да изгледа невкусно. И секако, да не заборавиме да споменеме дека негуваните раце се најважниот детаљ кој го следи розовиот лак кој оваа сезона можете да го носите со елегантно и тренди кожено палто и широки boyfriend фармерки и да добиете шик вечерна комбинација, но и да комбинирате со тренди бели парчиња, чанта со реси и римјанки или сандали на платформа и да изгледате како „бохо“ кралица.

 ЦИКЛАМА 

Supreme Nail Enamel No. 182

Без разлика дали ќе ја носите во дневна или вечерна варијанта, оваа боја е една од водечките која беше забележана и на модните писти за пролет/лето 2015. Нема причина зошто да не ја пробаме и ние, особено кога станува збор за комбинирање со веселите летни парчиња, нели?

Производи за нега на нокти совршени за лето

Покрај овие три бои кои се апсолутен хит за оваа сезона и со кои можете да се поигрувате со изгледот на ноктите преку цело лето, денес ќе ви преставиме и два производисо кои многу лесно ќе ги негувате ноктите и ќе добиете вистински украс на вашите раце.

 ТРЕТМАН ЗА НОКТИ СО ПРИРОДНО МАСЛО ЗА МАСАЖА 

98 % Natural Massage Oil Nail Treatment

Еликсир за нега и убавина на вашите раце! Специјално формулиран производ за нега на нокти кој со редовна употреба ги храни, хидрира, измазнува, зајакнува ноктите и ја омекнува кожата околу ноктите. Комплексот од 10 масла ја зајакнува структурата на ноктите и ги обновува ноктите по нивно оштетување и негативни надворешни влијанија благодарение на високата содржина на масни киселини. Производот ги содржи следниве масла: Масло од благ бадем, абисинско масло, арганово масло, масло од бабасу, масло од овес, шолмугра масло, масло од баобаб, сончогледово масло, масло од морков
и маслиново масло (органско)

Начин на употреба

Нанесете доволна количина од производот на ноктите и на областа околу нив и потоа масирајте нежно со кружни движења се додека не се впие. На крај измијте ги рацете и убаво исушете ги пред да нанесете лак за нокти.

Користење

Производот се користи за подготовка на ноктите и омекнување на кутикулите пред маникир, потоа како секојдневен третман, кога ноктите се суви, слаби и кршливи (обично поради хемиски процеси) и кај природните нокти, за поубав изглед на рацете.

 ОСНОВА СО КАЛЦИУМ И ВИТАМИН Б КОМПЛЕКС 

Calcium & Vitamin B Complex Base

Основа со калциум и витамин Б комплекс за третман, заштита и зајакнување на ноктите. Станува збор за производ за третман и заштита што ги храни вашите нокти со што стануваат поотпорни на кршење и кој содржи калциум и витамин Б за зајакнување на ноктите. Се користи како основа врз која можете да ја нанесете вашата омилена боја за ова лето.

 

Кликнете и разглeдајте го каталогот на Seventeen

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button