Совршен тренд за првите пролетни денови
Леандра Медине
Пред нешто повеќе од година дена сите чудно гледаа во нозете на Сара Џесика Паркер кога низ улиците во Њујорк „фураше“ сандали под кои носеше чорапи. Овој тренд го носеше и Кендал Џенер, а според модните магазини главен виновник за неговата популарност е стилистката на визуелниот идентитет на албумот „Lemonade“ на Бијонсе која многу добро знаеше што прави. Не требаше долго да чекаме овие фенси чорапи да се појават и на модните писти, а богами во исто време и кај некои девојки од Македонија кои очигледно будно ги следат трендовите (погледнете ја фотографијата што следува). Денес многу познати дизајнерски брендови во својата понуда имаат и чорапи кои совршено стојат со нивните сандали. Тука ќе ги споменеме металик чорапите со потписот на „Isabel Marant“ кои досегаат до средина на листовите или моделот од „Gucci“ со нивното препознатливо лого, а кои меѓу првите ги „фураше“ Ријана. На овој тренд му се приклучија и дизајнерските брендови „Prada“, „Balenciaga“ и „Nº21“ , а за оваа пролет се појавија и првите модели од комерцијалните модни куќи. А кога веќе станува збор за нив, сигурни сме и дека овој тренд многу брзо ќе ги освои и нашите ИТ девојките на Инстаграм, особено затоа што имаат далеку пониски цени (инаку, за повеќето дизајнерски модели што ги спомнавме погоре треба да издвоите и повеќе од 150 евра)
https://www.instagram.com/p/BatRDs9H4b8/?taken-by=gurgicaamilos
Ана Бацингер
Алекса Чанг
Љупка Гојиќ Микиќ
Valentino
Nº21
Marni
На следната страна погледнете уште неколку шик модели >>
Balenciaga
Prada
Mango
Mango
Gucci