Реклама
Трендови

Од овој тренд некои се згрозуваат, но погледнете како го носат овие Македонки

Реклама

Мрежестите чорапи се хит веќе неколку сезони

Тоа можеме да го видиме и на социјалните мрежи каде голем број девојки ги носат речиси во секоја комбинација. Од оние со кратки шорцеви и фустани до комбинации со скинати фармерки и патики. На овој тренд му се поклонија и некои од познатите дами од регионот, но и ИТ девојките од Македонија, а како тие изгледаат погледнете во продолжение.

Маркетинг

Хрватската пејачка Северина мрежестите хулахопки ги носеше во комбинација со елегантни високи потпетици и необично кожено здолниште, а целата комбинација ја зачини со кариран блејзер и шик разбушавена фризура.

Маркетинг

За разлика до Северина српската манекенката Јована Џорџевиќ која важи за една од најпознатите ИТ девојки на Инстаграм од регионот ги носеше со оверсајз маица од Металика, долг плетен елек, црна чанта со нитни и секси чизми над колена.

И познатата модна блогерја Зоранах го обожава овој тренд. Таа нејзините мрежести чорапи ги носеше под скинатите фармерки, а целата комбинација ја зачини со шик црна блуза и необични, но потполни тренди чизми до глужд.

Што се однесува до моделите во игра се сите големини, но мрежата со крупна плетка се покажа како најпосакувана за разноразни модни комбинации.

Тоа можеме да го видиме и од оваа фотографија на која е пејачката Зои Блаж која ги носи во комбинација со фустан и чизми во црна боја.

Една од комбинациите на нашите ИТ девојки која најмногу ни се допадна е и оваа на блогерката Дани Ѓуровска која овој тренд го фураше пред неколку месеци. Нејзините мрежести чорапи и се гледаат над фармерките, но и под скинатите делови и изгледаат мошне секси, особено во комбинација со овие шик маици од македонскиот бренд Фактори.

А еве уште една одлична комбинација на Дани …

Три причини зошто Македонките ги обожаваат овие маици >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button