Реклама
Модни совети

Како да го носите вашиот омилен „тренч“ мантил

Реклама

Овие модни парчиња НЕ треба многу да ги претставуваме, бидејќи се враќаме на нив секоја нова есенска сезона.

Сите имаме тренч мантили во плакарите и ги користиме без разлика кои трендови ги сакаме и каков ни е вкусот. Оваа сезона, впрочем како и претходната есен, тие се вистински хит, особено затоа што со нив за само секунда можеме да направиме трансформација и да преминеме на повисоко стилско ниво. Но добрата страна е тоа што тие се одлични и за секој ден и одговараат на секој стил. Многу лесно се вклопуваат во различни трендови, па токму и затоа можеме слободно да речеме дека се безвременски!

Маркетинг

Тие совршено изгледаат со високи потпетици и фустани, како и со рамни чизми и фармерки. Можете да ги носите преку ден, на работа, на вечерна прошетка – а токму таквата широка употреба ги прави да бидат задолжително парче што секоја дама треба да го има во својот плакар.

Маркетинг

Но, доколу деновиве немате идеа како да ги носите овие „must-have“ есенски парчиња тогаш погледнете ги следниве комбинации и инспирирајте се. Потоа, на крајот од овој текст, погледнете ја и галеријата во која ќе ви ги преставиме најдобрите парчиња од најпознтите продавници во Македонија.

Комбинации

Доколку сакате да го носите со „boyfriend“ или класични црни фармерки, миди здолништа или фустани тогаш обидете се со мантил во темно сина или некој во класична беж боја која е мошне популарна за оваа сезона. Доколку пак, сакате да додадете доза на класичен сексапил, тогаш обидете се со чевли со високи потпетици, но не заборавајте дека мантилите можете да ги носите и со вашите омилениу патики и да изгледате спортски и тренди.

Погледнете како ТОА го прават овие девојки (линкот тука), а потоа погледнете ги и цените на најдобрите модели за оваа сезона.

Десет комбинации со „тренч“ мантили »

Топ 10 тренч мантили за есен/зима 2014 »

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button