Реклама
Модни совети

Водич низ деловниот стил – топ предлози за оваа сезона

Реклама

 

 

Доколку работите во канцеларија, сигурно некогаш сте го добиле она непријатно чувство дека веќе ви е преку глава ви е од секојдневните монохроматски црни, бели или сиви комбинации.

Маркетинг

 

Маркетинг

 

И тоа го правите постојано, секој работен ден во годината. Прашањето што ќе го поставам сега е дали во канцеларија можеме да изгледаме деловно, но истовремено и шик и модерно? Па, секако дека да. Но за повеќето од нас понекогаш навистина е тешко да направиме баланс помеѓу добриот деловен изглед и она што е шик и тренди. Токму и затоа на Штипка досега многу пати сме пишувале и споделувале совети (па и водичи за шопинг) со чија помош би можеле да го изградиме и подигнеме нашиот деловен стил. Пред неколку дена објавивме текст во кој зборувавме за обувки кои се „must-have“ за секоја деловна жена (види тука), па потоа и најубавите бизнис чанти, а претходно пак, неколку совети и комбинации кои би можеле да ги понесеме во кацеларија. Денес решивме да ви претставиме уште неколку модни комбинации со кои оваа пролет ќе изгледате деловно но и модерно. Но, да тргнеме по ред …

 

 

Не заборавајте дека во вашиот деловен стил можете да ги носите и омилените „boyfriend“ фармерки, а се што треба да направите е да комбинирате со добро сако или блејзер вистинските високи потпетици.

 

 

Секако дека ќе изгледате женствено и полни со самодоверба доколку комбинирате елегантно здолниште со молив крој со струкиран блејзер кој можете да го носите префрлен преку рамениците.

 

 

Пробајте еден пар широки панталони со принт или во некоја пастелна нијанса и ќе добиете совршена и шик деловна комбинација.

 

 

Внесете малку свежина и спротивставете се со насмевка на монотонијата која владее во вашата канцеларија кога е изборот на облеката во прашање.

 

 

Тренч мантил, скинати фармерки, сандали и тексас кошула – па кој може да ви забрани да бидете најубава и најмодерна, особено доколку вашата работа ви го дозволува тоа? Верувајте, овој стил им се допаѓа на сите!

 

 

Да, да.. здолниште со волумен и голем ремен доколку имате некој важен деловен ручек каде треба да ги претставите вашите идеи …

 

 

Не заборавајте дека овие кошули се апсолутен хит за оваа сезона …

 

 

А и овие панталони се одличен избор за деловна комбинација, особено за во пролетните месеци. Ах, колку тоа добро звучи, нели?

 

 

Претпоставуваме дека оваа комбинација ќе ви се допадне, особено доколку сте маркетинг менаџер на некој познат моден бренд во Македонија!

 

 

Да, тесните црни панталони се одличен избор за оваа сезона …

 

 

Еве уште една комбинација во која можете да носите скинати фармерки …

 

Погледнете ги и другите комбинации, а потоа на крајот од текстот (или едноставно кликнете тука) отворете ја и галеријата каде ќе ги видите цените на некои парчиња кои можете да ги носите во канцеларија, без разлика која е вашата професија…

 

 

 

 

Кликни тука и отвори галерија »

 

Па, девојки, доста беше молк, време е да ги слушнеме и вашите желби и коментари. Што е она што најчесто го носите кога одите на работа и која од овие комбинации ви се допаѓа? Споделете го вашето мислење во коментарите …

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button