Џиџи Хадид во фантастични панталони со секси прорези
Сезоната на модните ревии заврши, но познатата русокоса убавица се уште вредно работи на своите деловни ангажмани. Па така по снимањето во едно познато студио во Њујорк, Џиџи се прошета по улиците во фантастично all white издание. Покрај ролката и преубавите високи чизми она што најмногу ни се допадна во нејзината комбинација се необичните панталони со прорези кои дефинитивно би сакале да ги имаме во плакарите.
Панталоните се со карактеристични длабоки прорези со кои се создава одличен визуелен ефект и изгледаат како макси здолниште, а познатата манекенка ги комбинираше со ролка која што ја носеше асиметрично и фантастични чизми преку колена со змиски дезен. Комбинацијата е зачинета и со шик модни додатоци – бел ранец и темни очила за сонце.
Панталони што секоја дама треба да ги има во плакаритеи >>
Па, дали ви се допаѓа оваа комбинација?
Најубавите пролетни панталони кои можете да ги најдете во продавниците во Mакедонија >>