Реклама
Хороскоп

Топ најсексапилни хороскопски знаци

Реклама

Доколку сте од оние кои ги интригира астрологијата, сместете се удобно и прочитајте ја ранг листата на астро – сексапилност, споредете ја со луѓето кои ги познавате и кажете ни дали сме биле во право!

seksznaci1

Затоа што, не се сите Стрелци мрзливи во креветот, не сите Скорпии се претвораат во Хулк кога падне ноќта, но ако се осудиме да зборуваме за ’натприродните‘ сексуални моќи, припадниците на следниве знакови, со сигурност ќе се издвојат од останатите. Праксата тоа најдобро го потврдува и затоа поприлично сме сигурни дека и вие ќе се сложите со нашите констатации.

Маркетинг

Скорпија

seksznaci2

Маркетинг

Богот на сексот и точка! Ако некогаш сте биле во врска со Скорпија, тогаш знаете дека тие имаат неодолива моќ на привлечност. Дури и оние физички помалку атрактивните, имаат изразена аура и шарм, како и моќ на манипулација која ја користат за да ги натераат другите да го прават она што нив им се допаѓа. Доколку ве замислат како потенцијален партнер, сигурно ќе ве освојат. И додека го сфатите нивниот план, веќе сте се вљубиле.

Ако некој ве праша што е тоа што вашата Скорпија ја прави толку неодолива, можно е да не умеете да објасните. Освен силната привлечност и шарм, родените во овој знак се крајно страствени љубовници, кои ќе ве маѓепсаат во кревет да правите сé и да уживате во тоа! Тоа е нивна особина која ниту еден друг знак не ја поседува со толкава моќ. Скорпиите се исто така и лојални пријатели, големи херои (а почесто антихерои) и вредни, посветени и упорни во работните задачи. Доколку сакате да заведете некоја Скорпија, облечете црно (нема промашај), посебно долната облека. Тие сакаат уметнички настроени и помалку проблематични луѓе.

Лав

seksznaci3

Немојте да му кажете на Лавот кому му го читате овој текст дека е втор на листата, затоа што со сигурност ќе му ја повредите суетата. Родените во овој знак се родени љубовници, вистински ’трендсетери‘ кои ги познаваат сите кул мета во градот. Па така доколку сакате да си поминете феноменално, секогаш за друштво изберете некој Лав и нема да погрешите – тоа ви го гарантираме! Лавот буквално ќе ве собори на земја со работите кои ќе ги направи за вас и така ќе ве ’купи‘ за цел живот. На многу луѓе токму тоа количество на внимание им е пресудно за вљубување.

Како родени лидери, Лавовите веднаш знаат како да ве освојат од прва, ниту еден знак ја нема таа вродена особина ни приближно добро како нив. Па од таму тие ’Сé‘ прават подобро од другите, а вам ви останува само да им го создадете предизвикот. Лавовите имаат разорно моќна насмевка, па понекогаш е доволно само да ви ја покажат и да ве одведат во кревет. Доколку сакате да заведете некој Лав, мора да му ласкате, давате комплименти и му ги воздигнувате квалитетите. Нивната суета го обожава тоа!

Рак

seksznaci4

Нивното тајно оружје не ниту изгледот, ниту насмевката, туку хуморот кој е интелигентен и умесен. Исто така тие се многу емотивни и никогаш нема да ја заборават годишнината, роденденот или некој друг важен празник. Како маана може да се издвои променливото расположение поради кое понекогаш имате чувство дека ќе завршите во лудница. Но ако можете да ги поднесете такви, тогаш ќе имате осигурано верен и лојален пријател кој секогаш ќе ве воодушевува со своите постапки.

Ги обожаваат сексуалните игри и фантазии и не се ограничуваат понекогаш да бидат и ’малку груби‘, ако така сакаат и се чувствуваат во тој момент. Понекогаш знаат да бидат концентрирани претежно на своите желби и страсти, но тоа добро им доаѓа и на нивните партнери, затоа што Раковите се трудат секоја посебност да ја усовршат да перфекција, така што и на тие покрај нив ќе имаат ’полза‘ од тоа. Доколку сакате да ’поседувате‘ некој Рак, слободно отворете се со нив. Ако ви доаѓа да заплачете, не треба да го криете тоа. Тие сакаат да се наоѓаат во улога на спасители и да ви бидат утеха и рамо за плачење.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button