Реклама
Секс

Тајната на неверните жени!

Реклама

„Едноставно постојат жени кои многу успешно манипулираат со своите партнери – им набиваат рогови кога и каде стигнат, а овие будали се уште се со нив !“

Дали овде постои некоја посебна формула, која овие „лисици“ ја научиле и ја „упразнуваат“ на перфектен начин, или пак едноставно се работи за генетски код кој работи од самиот себе и станува иманентен дел на однесувањето кај „домаќините“, па така едноставно однесувањето на овие девојки се трансформира на начин кој не создава никаква аномалија во однесувањето, и кој не може да биде забележан….

Маркетинг

Ова е прашање со кое голем дел психолози се занимаваат многу време. Во ординарното, стереотипно сфаќање за и на работите од оваа тематика, се уште преовладува мислењето дека мажите се тие кои повеќе изневеруваат од жените. Меѓутоа, со години наназад, истражувачите на човечкото однесување, поспецифично – на овој тип на сексуална етика – е познато дека оваа стереотипна теорија нема никакви вистинити допирни краци со она што вистински се случува на терен!

 

Маркетинг

1 ubavina1

Едни од оние кои најмногу се имаат бавено со оваа проблематика, се Британските психолози и дел од теоретските психијатари. Истражувањето на терен покажало не само што жените не заостануваат зад мажите во ова промискуитетно однесување, туку напротив се подоминантни, и пред се поуспешни во „покривањето“ на трагите за сопственото неверство. Тие велат, дека голема улога зад ова последново игра тестостеронот, кој (општо познато) во машкиот организам се лачи многу повеќе од колку во женскиот! Имено, тестостеронот меѓу другото влијае и на чувството за суета, кое е најдиректен двигател на потребата за издигнување на личниот став на повисоко ниво, од она што вистински é. А сексуалноста, како факт од кој зависат многу лични и индивидуални ставови и која се пресликува во скоро сите други начини на прагматичното функционирање, зазема високо место во хиерархијата на карактеристики кои ја оформуваат личноста кај секој поединец. Од таму доаѓа и потребата кај мажите да зборуваат, односно се пофалат за неверството кое го извршиле. Тоа им дава чувство на поголема сигурност и при правењето на останатите постапки во секојдневното функционирање, а посебно во постигнувањето на зацртаните цели. На оваа ствар, конјуктивно се надоврзува и природната потреба за освојување кај мажите, која не е ни приближно исто присутна кај жените. Па така кога сите овие посебности ќе се „зготват“, како краен резултат се јавува фалењето за сексуалните подвизи – кои многу често и се „напомпуваат“ (има и чесни исклучоци кои се држат само до вистината, односно до вистинитите факти). Но сепак заедничка карактеристика и на едните и на другите им е тоа што својот личен сексуален успех, имаат природна потреба да го доведат до ниво на свесност кај другите.

najubava

Кога истата проблематика ќе се префрли кај жените, ситуацијата е нешто поинаква! Тие ни приближно немаат иста, ниту слична потреба да ја задоволат својата суета со истакнување за некој сексуален подвиг! Според Британските научници – чија улога во ова испитување ја спомнавме погоре – кај нив чувството за задоволување на личната суета доаѓа „од внатре“. Што значи ова? Жената пред сé сака да се чувствува задоволна од самата себе, од својот изглед за кој е одговорна исклучиво самата таа, а потоа оставаат наместо зборовите, нивниот изглед да говори за нив! Со други зборови кажано, тие гласот за личната доминантност, го градат преку другите карактери во секојдневието – па така немаат потреба (не така голема како кај мажите), да говорат самите за себе, односно да се истакнуваат со подвизите кои ги направиле. Кога на тоа ќе се додаде и фактот дека за разлика од посилниот пол, тие имаат потреба да бидат освоени, па согласно со тоа, имаат потреба и да слушнат нешто за себе, за разлика од мажите кои се во сосем спротивниот агол на ова однесување.

А веќе подолго време се знае дека потребата за сексуално задоволство е сосема иста и кај двата пола! Па така жените се впуштаат во сексуални походи  и авантури, исто како и „мажјаците“. Испитувањето во Англија покажува дека кога испитаниците на почетокот биле запрашувани за бројот на интимни партнери во дотогашната емпирија, мажите во просек наведувале 15 до 20 партнери, а жените по 5 до 8. Но кога ќе се завршело со целокупното испитување (кое траело по 3 дена), жените веќе имале многу поголема доверба во докторите од колку на почетокот (се разбира исто и мажите), па при пофтарањето на одговорите на прашањето за бројот на партнери во животот, скалата драстично се сменила во „корист“ на жените. Новите бројки велеле дека во просек секоја испитана жена имала по 25 сексуални партнери (а просекот на години бил 26), а кај мажите бројката останала иста. Резултатот е евидентен!

ubavina

И на крајот на истражувањето – за тоа која од нив од тие партнери ги имала додека е во стабилна врска– одговорите биле дека дури 70 % од партнерите со кои ги доживеале сексуалните искуства биле лица за one night stand, додека веќе биле во врска! А околу 50 % од тие девојки никогаш не биле откриени од своите партнери за неверството кое го извршиле, но се напоменува дека за истото воопшто не ни говореле. Другата половина биле „фатена“ во повеќето случаи – и тоа секогаш кога спомените за истото искуство ги споделувале со своите пријатели/ки! Понатамошното физичко и биолошко испитување потврдило дека зборливите жени имале поголемо ниво на тестостерон во себе, за разлика од другите кои не зборувале за тоа…..

 

Значи како краен заклучок се вади дека тестостеронот е „клучот“ за чување на тајната за неверство, односно „мањакот“ на овој хормон е тајната на успешното „набивање на рогови“!

Значи, општо е познато дека тестостеронот има клучна улога кај мажите во развивањето на способноста за освојување на жени, но исто време претставува и меч со две острици, или како што вели нашиот народ – стап со два краја – кој на крајот може да се сврти против овие алфа индивидуи. Затоа мажи и жени, правете што ќе правете, и гледајте да ја држите устата затворена од како ќе „завршите работа“ и вашата тајна ќе биде сигурна, а успехот загарантиран!

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button