Диети

Супер бикини манекенска диета

Реклама
Реклама

Летото е на прагот и што е можно побрзо треба да се доведеме во топ форма за гордо да прошетаме во бикини на некоја плажа, или покрај базен. Не очајувајте, тоа не мора да биде така тешко и недостижно.

Оваа диета ќе ви помогне да симнете дури 6 килограми и да го намалите обемот на половината за 12 сантиметри за само 10 дена! Бидете решителни и упорни и по десет дена ќе бидете презадоволни од самите себе што сте ја постигнале целта. Диетата успешно ги топи масните наслаги без никакви штетни последици по вашето здравје. Сепак, се препорачува само на здрави лица.

Маркетинг

Докажано е дека исхраната која се заснова на риба, зеленчук, маслиново масло и црно вино може да ви помогне да го намалите обемот на половината и тоа до четири пати побрзо од традиционалните нискокалорични диети. Врз основа на најновите истражувања, тим на експерти од Сиетл откри дека одредени намирници од растително потекло можат да го подобрат дејството на ваквата диета и уште повеќе да го забрзаат топењето на килограмите и ослободувањето од салото на стомакот! Што значи дека можете да ослабите двојно повеќе! Диетата осмислена од стручњаците од Сиетл дава одлични резултати првенствено поради тоа што исклучува намирници кои влијаат на таложењето на масните наслаги како црвеното месо, преработените јаглехидрати, газираните пијалаци, пржените и похуваните јадења. Покрај тоа, многу намирници вклучени во ваквата исхрана како морските плодови, зеленчукот, маслиновото масло, млечните производи со ниска масленост и интегралните житарки, влијаат на топењето на салото на стомакот. Според тоа, ако го зголемите внесот на намирници кои го топат салото на стопмакот, а ги избегнувате оние кои го создаваат, за кратко време ќе ги видите резултатите во форма на порамен стомак и помалку килограми!

Маркетинг

Ако ваквиот режим на исхрана исто така го збогатите и со фитохемикалии, ќе имате уште подобри резултати. Фитохемикалиите се природни антиоксиданси кои влијаат на стабилизирањето на нивото на хормоните и ја намалуваат потребата од прејадување. Ваквата исхрана е богата и со омега 3 масни киселини кои успешно го спречуваат претераното лачење на хормоните одговорни за создавањето на сало на стомакот како  инсулинот и кортизолот.

Ваквиот режим на исхрана вклучува здрави намирници и дава одлични резултати и на долги патеки. А за сите кои сакаат брзо да се ослободат од вишокот на килограми најдобро решение е диетата од Сиетл збогатена со фитохемикалии. Неодамна е откриено дека одредени состохки на црвеното и виолетовото овошје и зеленчук го намалуваат таложењето на масни наслаги, како и дека фитохемикалиите од други намирници го забрзуваат метаболизмот.

Метаболичкиот синдром е збир на пореметувања кои ги опфаќаат абдоминалниот тип на дебелина, зголемени триглицериди, покачен притисок и ниво на шеќерот во крвта, а кои можат да предизвикаат сериозни срцеви заболувања. Истражувачите откриле дека 43% од лицата кои преминале на комбинација од оваа диета и намирници богати со фитохемикалии се излечиле од овој синдром за само 12 недели! Сите заслуги им припаѓаат на фитохемикалиите кои го контролираат нивото на шеќер во крвта, ги намалуваат триглицеридите и ги ублажуваат внатрешните запаленија.

План за исхрана

За секој оброк се дадени по неколку варијанти од кои треба да си одберете една.

Појадок:
Пример 1 Кајгана од 2 јајца со 1/2 шолја исечкан зеленчук, 1/2 шолја сирење со ниска масленост, 1 лажичка маслиново масло, 1 портокал
Пример 2 1 шолја овесна каша, 3 лажици суво грозје, 1 лажичка бадеми, 1 шолја соино млеко
Пример 3 1/4 шолја соино млеко или млеко со ниска масленост изматено во блендер со 1 шолја немастен јогурт и 1 шолја (смрзнати) боровинки

Ручек:
Пример 1 120 гр. туна во сопствен сок, 1 тврдо варено јајце, шолја леблебија, 1 лажица црни маслинки, 2-3 шолји млад спанаќ, 1 лажица вински оцет, 1 лажичка маслиново масло, 1/2 интегрална земичка
Пример 2 120 гр. немасна шунка, 30 гр. моцарела, 1-2 шолји исечкани бабури, 4 маслинки, 2 лажички вински оцет, 1 лажичка маслиново масло, 1 шолја малини
Пример 3 120 гр. пилешко бело месо, 2 лажици зачин, 1/2 шолја зеленчук на скара, 1 лажичка маслиново масло, 1/2 шолја интегрален ориз

 

Ужина:
1 – 1 помала јаболка со бадеми и ореви (не повеќе од 100 калории)
2 – кафе со соино млеко, 1 мала банана
3 – 1 шолја јогурт од соја или јогурт со ниска масленост, 1/2 шолја бобинки
4 – 1/3 шолја хумус, ½ шолја сиров зеленчук
5 – 1 чаша црно вино или помала кригла безалкохолно пиво
6 – 1 табла интегрални житарки

Вечера:
Пример 1 90 гр. печено пилешко бело месо, 2/3 шолја интегрални тестенини, 1/2 шолја сос од домати, 1 лажичка пармезан, 1 шолја боранија, 1 лажичка маслиново масло
Пример 2 180 гр. риба, 1/2 шолја обарена брокула, 1/2 шолја исечкани домати и 1 лажица мирудија измешана со 1 лажица сок од лимон и 1 лажичка маслиново масло.

Извор: dijetaplus.com

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button