Реклама
Портрети

Еве што се крие зад името на познатиот хај стрит бренд ASOS

Реклама

Асос е една од најпопуларните интернет продавници за кои сме сигурни дека барем еднаш сте ја посетиле, но и можеби нешто сте си купиле.

Асос започна со работа во 2000 година, а колку е голема компанијата денес кажува фактот дека имаат преку 4000 вработени ширум светот. Иако нивната целна група е публиката на околу 20 годишна возраст, изборот што тие го нудат во нивната веб продавница може да ги задоволи сите. Што се однесува до самиот хај стрит бренд, тој има три главни линии со облека – curvy, petite и tall, но и одел за maternity, додека од неодамна во својата понуда вклучија и венчаници. Покрај нивната линија, на нивниот сајт можете да пронајдете понуда и од многу други брендови, односно од околу 850 познати и помалку познати светски брендови.

Маркетинг

ASOS панталони £35.00

Маркетинг

Зад самото име всушност се крие синтагмата „as seen on screen” што според нив значи дека можете да купите се што гледате на нивните фотографии и видеа кои ги објавуваат како на нивниот сајт, така и на Фејсбук, Инстаграм и Јутуб. Па доколку се уште не сте, тогаш задолжително ѕирнете ја нивната понуда која секоја недела се збогатува со 1500 нови парчиња облека и козметички производи.

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button