Реклама
Модни совети

Еве што носат познатите дами кога времето е студено

Реклама

 

Температурите од ден на ден се се пониски, па доколку ви е потребна мала инспирација како да се прилагодите на временските услови а притоа да изгледате елегантно, модерно и секси, сирнете во нашиот водич во продолжение …

Маркетинг

Не знаете што да облечете денес? Не грижете се воопшто, оваа славна реченица ја повторува секоја жена секој втор ден (или евентуално повеќе пати на ден!). За да ви излеземе во пресрет кога сте во недоумица ви подготвивме неколку предлог комбинации за инспирација.

Викторија Бекам преферира слоевита облека (во која сака да вклучува и парчиња од нејзината нова пролетна колекција) како метод за спротивставување на ниските температури. Од друга страна, таа ги сака и долгите капути исто така најчесто со нејзиниот потпис, но и високи потпетици кои се едноставно неизбежни во секоја нејзина комбинација. Што се однесува пак до Кендал Џенер, која за многу кратко време стана еден од набараните модели на денешницата и застана рамо до рамо со нејзините најпознати колешки, таа ги преферира елегантните комбинации зачинети со стејтмент детали како што се на пример овие високи чизми од Џанвито Роси или пак, нејзината стејтмент чанта со потписот на Живанши. Комбинацијата исто така вклучува и тесни фармерки, тренди џемпер и долг црн капут, а косата е собрана во високо крената пунџа која исто така е еден од водечките трендови за оваа сезона. Модната блогерка и позната стилистка Алекса Чанг ги обожава пачворк парчињата, овој пат во комбинација со скини фармерки и чизми, додека Џесика Харт се прошета со шешир и крзнена бунда која и држеше топло без да и го загрози ИТ факторот. Погледнете како изгелдаат и другите познати девојки оваа сезона.

Маркетинг

ALEXA CHUNG

JESSICA HART

KENDALL JENNER

OLIVIA PALERMO

ROSIE HUNTINGTON-WHITELEY

VICTORIA BECKHAM

ALEXA CHUNG

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button