Сите знаеме што е сода бикарбона и сите ја имаме дома.
Од оваа исклучително корисна состојка имаме низа различни здравствени придобивки. Исто така, може да се каже дека содата бикарбона е една од најпознатите и најупотребуваните состојки во секој дом. Овде ќе се задржиме на употребата на содата бикарбона за убавина и ќе споделиме пет различни начини на кои можете да ја користите содата и да уживате во нејзините благодети. Дефинитивно, треба да настојувате да употребувате сода бикарбона наместо скапи козметички производи, бидејќи таа е природна, не содржи никакви хемикалии, евтина, лесно достапна и многу лесно се користи. Од неа немате никакви штетни ефекти. Содата се користи многу лесно и едноставно, само следете ги упатствата дадени подолу.
5 тајни за убавина со сода бикарбона
1. Сува кожа
Ако имате сува кожа што се лупи морате постојано да ја хидрирате. Ви препорачуваме да го пробате овој третман со сода бикарбона. Земете малку сода бикарбона и мешајте со вода додека не добиете паста. Потоа, нанесете ја оваа паста на лицето како маска и оставете да делува 1 час, а потоа измијте. Ќе бидете пријатно изненадени од резултатите. Ќе забележите дека вашата кожа ќе биде мека и мазна. Остатоците од излупената кожа ќе исчезнат веднаш. Оваа маска можете да ја користите и за други делови од телото – на пример на рацете кои можат да станат навистина суви во текот на зимските месеци.
2. Безживотна коса
Ако вашата коса нема волумен и изгледа безживотно тоа обично значи дека е оштетена од различните комерцијални производи за коса кои се преполни со хемикалии (шампони, бои за коса, лакови, гелови и сл.). Ви препорачуваме да го пробате следново – земете малку сода бикарбона, посипете на косата заедно со шампонот, а потоа измијте како и вообичаено. Ваквата употреба на содата делува како шампон за прочистување на косата, што не е толку јак како комерцијалните шампони, а ја остава косата чиста и сјајна.
Премини на следната страна >>