Диети

Старосна диета или најдобрата диета според вашата возраст

Реклама
Реклама

Сите знаеме дека како што старееме се потешко се губат наталожените килограми, но тоа и не мора да биде баш така.

Ако сте во триесеттите години сигурно забележувате дека воопшто не е лесно да се ослободите од вишокот килограми како во времето кога сте имале 20. А ако имате над 40, ситуацијата станува уште потешка. Метаболизмот секоја година се успорува и тоа е причината зошто како што сте постари морате да посветувате повеќе внимание на исхраната и да следите диета која е соодветна за вашите години. Здравата исхрана и здравиот начин на живот стануваат се поважни како што одминуваат годините.

Маркетинг

Разгледајте каква храна се препорачува за одредена возраст. Можеби ќе добиете одговор на прашањето зошто никако да ослабите иако внимавате на исхраната.
 
АКО ИМАТЕ 20-29 ГОДИНИ  

Во овие години не би требало да имате проблем со тежината. Кога ќе имате потреба, можете релативно брзо да се ослободите од несаканите килограми. Најдобра диета за овие години е овошната диета. Овошјето е богато со витамини, содржи пектин, овошна киселина и калиум, кои ги согоруваат калориите и го подобруваат метаболизмот и варењето. Одлични резултати ќе постигнете со вклучување на соодветни физички активности.

Маркетинг

На пример, еве една диета со јаболка соодветна за вашите години:

· појадок: 1 јаболко и каша од 1 лажица овесни снегулки потопени во јогурт со ниска масленост во текот на ноќта 
· ужина: 1 јаболко
· ручек: исечете една јаболка на листови, додајте 2 лажици претходно обарен спанаќ и сето тоа прелијте го со сос од еден јогурт со ниска масленост, 1 лажица маслиново масло, 1 лажичка природен јаболков оцет и 1 лажичка вода.
· ужина: 1 јаболко и 3 ореви 
· вечера: исечете 1 јаболко на коцкички а преку нив исцедете лимон и потоа додадете 125 гр. изрендано немрсно сирење

Држете ја оваа диета 3 дена, бидете вообичаено активни и ќе изгубите 2-3 килограми.

АКО ИМАТЕ 30-39 ГОДИНИ 

По триесеттата метаболизмот почнува да се успорува и затоа треба да го намалите внесот на калории иако сте физички активни. Не се обидувајте брзо да ослабите бидејќи може кожата да ви се опушти и избрчка, па ќе изгледате неколку години постари. Треба да се обидете да слабеете што побавно, се препорачува од 2 до 2.5 кг. месечно. Идеалната диета за оваа возраст е диетата со зеленчук која ќе ви помогне да ги избегнете нападите на глад и промените во тежината. Исто така, треба редовно да вежбате и да ја негувате кожата за да ја одржите нејзината еластичност. Избегнувајте да вежбате кога сте на диета.

Пример на диета со зеленчук:

· појадок: измешајте лажица овес и лажица пченкарни снегулки, немрсно млеко и 1 рендан морков 
· ужина: 1 краставица 
· ручек: 2 варени компири со лушпа со многу салата од зеленчук по желба 
· ужина: 1 црвена слатка пиперка 
· вечера: салата од зеленчук и 1 парче ржен леб

 

АKO ИМАТЕ 40 ДО 49 ГОДИНИ  

По четириесеттата година скоро сите жени имаат проблеми со тежината затоа што мускулната маса се намалува а масните наслаги се зголемуваат поради хормоналните промени. Настојувајте најголемиот дел од храната да го изедете во текот на претпладнето а вечерата да ви биде полесна и да биде во раните вечерни часови. Максималното внесување на маснотии не треба да надминува 30% од вкупните калории што сте ги внесле преку целиот ден. Употребувајте растителни масла, редовно јадете риба и морски плодови. Во овој период од животот телото почнува да задржува течности. Затоа, идеална диета е диетата со ориз која ќе ви помогне да го одржите здраво нивото на течности во телото.

Пример на диета со ориз:

Сварете околу 150 гр. ориз и поделете го на 3 порции. Сите порции измешајте ги со протеини по следниов распоред:

· појадок: ориз со јогурт со ниска масленост и 1 лажичка мед
· ручек: ориз и 150 гр. варена риба или пилешко 
· вечера: ориз со варен зеленчук и една лажичка растително масло

За ужина можете да јадете овошје или 90 гр. немрсно сирење.

Во оризот можете да додадете соја сос што ќе ви помогне да ги избегнете нападите на глад. Не додавајте сол бидејќи солта придонесува за задржување на течностите во телото.

 

АКО ИМАТЕ ОД 50 ДО 60 ГОДИНИ  

Ако имате над 50 години потребно ми е околу 30% помалку енергија отколку на оние на 20 години. Јадете 4-5 помали порции во текот на денот и не се прејадувајте бидејќи тоа е штетно за вашето здравје. Ограничете го внесувањето на сол на 1/4 лажичка дневно. Можете понекогаш да постите, но не често бидејќи на оваа возраст телото губи многу сила и енергија потребни за борба против блестите. Ензимите се супстанци кои најефикасно ги разложуваат мастите. Ананасот е богат со ензими и витамин Ц и ја помага работата на дигестивниот систем.

Пример на диета за оваа возраст:

Во текот на денот изедете 2 кг. ананас вклучувајќи го и сокот. Поделете го на 3 порции: појадок, ручек и вечера и не јадете ништо друго во текот на денот.
Ако оваа диета е премногу строга за вас, тогаш пробајте ја следнава:

· појадок: 1 парче ананас и 90 гр. немрсно иситнето сирење 
· ручек: половина ананас и 90 гр. варено пилешко, риба или немрсно месо.
· вечера: едно парче ананас и 1 парче ржан леб со парче немрсно сирење

Покрај ананасот, намирници кои ги разложуваат мастите во крвта се и киви, јаболков оцет и артичока, како и водата од варената артичока.

АКО ИМАТЕ НАД 60 ГОДИНИ  

Во оваа возраст мускулната маса претставува 15% од телото и затоа, ако сакате да ослабите, треба да слабеете многу бавно бидејќи брзите диети ги намалуваат пртеините во мускулната маса. Не треба да јадете повеќе од 40 гр. маснотии дневно.

Пример на едноставни диетални замени:

· појадок: 1 парче леб со 1 лажичка немрсен јогурт
· ручек: наместо 50 гр. мелено месо изедете 50 гр. грав и ќе внесете 7 гр. помалку маснотии. Ако не можете без месо јадете немрсно месо наместо свинско и ќе внесете 13 гр. помалку маснотии.
· вечера: наместо салама земете парче шунка што има 10 гр. маснотии помалку. Ако изедете парче сирење со 30% масленост ќе внесете 10 гр. помалку маснотии отколку ако изедете сирење со 60% маснотии.

Пијте најмалку 2 литри вода дневно за да го помогнете варењето и да го поттикнете метаболизмот.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button