Високите температури полека, но сигурно не напуштаат…
Првите (по)студени денови се одличен момент за модно експериментирање со летните и еснеските трендови. Токму затоа и постои една комбинација која во овој период од годината им е омилена на модните блогерки, а во последно време се почесто ја гледаме како ја фураат и девојките од наше маало. Имено станува збор за комбинација од парчиња кои сите ги имаме во плакарите – краток тексас порц (или кратко здолниште), обична бела маича, сако и чевли по ваш избор, а нема да погрешите и ако изберете патики или кожена јакна!
Оваа сезона модните критичари препорачуваат да избереме сиво карирано сако (за кое веќе ви пишувавме) и наместо во класичен стил, да го комбинираме со обична бела маица и нашите омилени обувки.
Па дали ви се допаѓа оваа комбинација и дали би ја носеле?