Реклама
Коса

Прилагодете ја бојата на годините, мијте ја косата на вистинскиот начин: Неколку совети за сјајна коса и прекрасен изглед

Реклама

Која жена не сака убава коса и совршена фризура? Еве неколку совети за да го постигнете тоа!

1 kosa

Која жена не сака убава коса и совршена фризура? Еве неколку совети за да го постигнете тоа!

Маркетинг

Изберете ја совршената боја

Кога имате совршена боја за коса за својот тип на кожа, луѓето ќе ги забележат вашите очи, а не бојата на коса. Немојте сами да ја бојадисувате косата која е четири или повеќе нијанси посветла или потемна од вашата природна боја на коса. За такви експерименти посетете професионален фризер.

Маркетинг

Прилагодете ја бојата на вашите години

„Со годините се менува бојата на нашата кожа, па затоа би требало да се прилагодува и бојата на коса. Подеднакво е важно да ја одберете најдобрата фризура за себе. Шишките ќе ви одземат неколку килограми од лицето, како и слоевито ишишаните врвови. Но, имајте на ум дека и најдобрата фризура ќе изгледа лошо ако не ја стилизирате со вистински производи за вашиот тип на коса“, смета фризерскиот стилист Тревор Сорбие.

Мијте на косата на вистинскиот начин

Ни најдобрите производи за стилизирање нема да ви помогнат ако косата не ја миете на вистинскиот и правилниот начин. Направете го тоа како во салон – мијте ја два пати со шампон, па потоа добро измијте ја. И не заборавајте да користите шампон за вашиот тип на коса.

Исушете ја косата пред да ставите ренегератор

Откако ќе ја измиете, просушете ја косата со крпа за глава, а потоа нанесете регенератор. Вишокот вода во коса го спречува продирањето на регенераторот, па косата нема да ви изгледа така здраво и сјајно.

Извор: fashionel.mk

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button