Реклама
Кафе муабет

20 совети од еден од најдобрите психолози во светот: „Подобро е да комуницирате со добра книга, отколку со празен човек“

Реклама

Прочитајте ги советите од д-р. Михаил Литвака

Овие 20 совети што ќе ги прочитате тука се од д-р. Михаил Литвака, познат психотерапевт и психолог кој го разви системот „Психолошки аикидо“. Неговите совети можат да ви помогнат во решавањето на многу животни ситуации…

Маркетинг

1. Доколку човекот не може да каже ништо добро за себе, а сака нешто да каже, тој започнува да говори лошо за другите.

2. Гризај ја науката, а не грлото на својот ближен, ако навистина сакаш нешто да загризаш.

Маркетинг

3. Депресивната состојба му е дадена на човекот за да размислува за себе.

4. Никој никого не отфрла, само некој оди напред. Оној кој застанал, се смета за отфрлен.

5. Ако добро мислите за себе, зошто е потребно уште некој добро да мисли за вас.

6. Работи што сакаш и не прашувај за дозвола. Нема да ја добиеш.

7. Способноста да се сака и добро да се поднесува самотијата е показател за духовната зрелост. Всушност најдобро работиме кога сме осамени.

8. Незрела личност често знае, но не умее. Зрелата не само што знае туку и умее. Затоа, незрелата личност критикува, а зрелата делува.

9. Јас не го знам патот до успехот. Но, го знам до неуспехот – тоа е желбата да им се допаднеме на сите.

10. Нема машка или женска логика, постои способност или неспособност мудро да се мисли.

11. Сакаш да го дознаеш својот главен непријател? Погледни во огледалото. Избори се со него и останатите ќе се разбегаат.

12. Постигни успех – ќе поминат навредите.

13. Со пријателите е пријатно да се разговара, со непријателите е корисно.

14. Постои само една валидна причина за прекин на врската и престанок на работниот однос – неможност на личноста за раст во дадените околности.

15. Треба да делите само радост и со пријателите и со непријателите. Пријателите ќе се израдуваат, а непријателите ќе се вознемират.

16. Не ја бркај среќата, и ќе го најдеш местото каде што таа престојува. И среќата сама ќе те најде. Можам да ти кажам едно место каде што престојува твојата среќа – во тебе. А патот до неа е максимален развој на своите способности.

17. Среќата е нуспроизвод на правилно организираното делување.

18. Ако на некој нешто сакаш да му докажеш, значи дека живееш поради тој на кого сакаш тоа да му го докажеш. Ако живееш поради себе, тогаш нема потреба на некој нешто да му докажуваш.

19. Фантазијата – тоа е глас на нашите способности. Па затоа јас не фантазирам дека пеам во опера. Немам ниту глас, ниту слух. А ако би фантазирал, во согласност со тоа фантазијата би ги подгреала моите способности. Поради тоа, би се трудел да достигнам до опера. Само треба да размислувате како тој сон да се оствари. Тука е главно да не брзате, тогаш соништата се остваруваат релативно брзо. Добро е кога човек може да каже го каже за себе следново: Јас се занимавам само со обиди да ги остварам своите соништа.

20. Подобро е да комуницирате со добра книга, отколку со празен човек.

Извор: viralgallerysite.com

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button