„Во денешно време се поголем е бројот на луѓето што не се задоволни од својот изглед, т.е. од својата тежина.“
Па доколку сте еден/една од оние кои што сакаат да имаат помалку или повеќе килограми, не заборавајте дека рецептот за тоа е во самите вас… во буквална смисла на зборот!
Првиот чекор што треба да го направите е да се откажете од некои драги јадења кои што ви се залепени за срце (т.е. почесто за цревата отколку за срцето. Тука спаѓаат мајонез, еурокрем, смоки, грицки, сендвичи…сите оние омилени јадења кои што постојано ги јадете, а за кои што знаете дека ви штетат.)
Вториот чекор е да се откажете од сите оние помалку драги јадења, за кои што исто така знаете дека ви штетат и повторно ги јадете во изобилство (тука на пр. спаѓа обилното внесување на јаглехидрати преку бели пецива како што е лебот, бурек, сендвичи, кифли…).
И секако третиот чекор е во вашата исхрана да додадете нешто што ќе ја подобри вашата крвна слика, нешто што ќе го стимулира органзимот да функционира подобро. На пр. направете нешто во што ќе има вишна, орев, крушка, брокула… и секако тука не мислиме на некоја пита која што ќе ја изедете без да ги почастите пријателите!
Запомнете: Јадете со памет, бидејќи само така во вашои стомак нема да има непотребни нешта.. За ова не треба висок IQ, туку само желба и поголема упорност!
Закачете Like, споделете текст и освојте некоја од нашите вредни награди.
За повеќе информации разглeдајте го Shopping Magazine!