Овој сируп се препорачува да се зема пред оброк или вежбање во период од три недели, по што треба да се направи пауза од неколку дена.
Главната состојка на сирупот за слабеење е ренот, кој изобилува со железо, витамини Ц, Б1, Б2 и Б6, калиум, магнезиум и фосфор. Ваквиот состав на витамини и минерали делува на забрзување на метаболизмот, намалување на заморот и поттикнување на развојот на добрите бактерии во цревата.
За подготовка на сирупот од рен се потребни следниве состојки:
– 125 гр. свеж рен
– 4 лимони
– 3 лажички мед
– 2 лажички цимет
– 2 цм корен од ѓумбир
Подготовка: Измелете ги ренот и ѓумбирот во блендер, а потоа додадете го исцедениот сок од четирите лимони и се убаво измешајте. Додадете го медот и циметот и продолжете да мешате се додека сите состојки не се соединат убаво и не се добие компактна смеса. Чувајте го сирупот во стаклена тегла во фрижидер и секој ден земајте по два пати дневно по една лажичка од оваа волшебна напивка. За кратко време ќе забележите како стомакот почнува да ви исчезнува.
Извор: Večernji.hr