Темните кармини се маст –хев за оваа сезона, а наш фаворит се неодоливите темни нијанси на карминот Matte Lasting Lipstick од Seventeen.
Кармините во боја на вишна, темните бордо нијанси и бојата на шумското овошје се едни од водечките хитови за оваа сезона, а популарни се и оние кои се потполно црни и со кој ќе добиете неодолив изглед. Па доколку сакате да бидете во чекор со трендовите, ве советуваме да ставите темен кармини и да ја разбудете вистинската ИТ дама во себе!
НАШ ИЗБОР
Оваа есен ви препорачуваме да ги пробате новите нијанси на кармините MATTE Lasting Lipstick од Seventeen ако сакате да бидете во чекор со светските трендови. Станува збор за кармини со долготраен мат ефект на усните, во модерни есенски нијанси, со заштитен фактор СПФ 15. Карминот е во елегантно сребрено пакување, не остава трага и збогатен е со масло од манго и јојоба за длабока хидратација и нега на усните.