Реклама
Кафе муабет

Што направивме од животот: Имаме големи куќи, но мали семејства, премногу дипломи, но премалку знаење

Реклама

Имаме поголеми куќи, но мали семејства, повеќе удобност, но помалку време.

 1 zhivot

Имаме поголеми куќи, но мали семејства, повеќе удобност, но помалку време. Имаме повеќе дипломи, но помалку знаење и разум, повеќе експерти, но уште повеќе проблеми, повеќе медицински достигнувања, но помалку здравје… Повеќе сме насочени кон нездрави навики, трошиме непромислено, а се смееме помалку. Возиме пребрзо, лесно се лутиме, предоцна легнуваме, стануваме уморни, не читаме доволно… Се молиме ретко.

Маркетинг

Зголемен е нашиот имот, но се намали неговата вредност. Премногу зборуваме, премалку сакаме, пречесто мразиме. Учиме како да преживуваме, но не и како да живееме. Настојуваме да го прочистиме воздухот, но си ја загадуваме душата.

Планираме премногу, но постигнуваме премалку. Научени сме да брзаме, но не и да чекаме. Имаме поголема заработка, но понизок морал. Имаме храна, но сепак сме неблагодарни. Честопати тежнееме кон квантитет, а забораваме на квалитетот. Постојат многу луксузни куќи, но и разведени семејства и поделени домови. Запаметете дека најважно во животот е што повеќе време да поминувате со саканите личности, затоа што тие нема вечно да бидат овде. Бидете љубезни и сочувствителни.

Маркетинг

Сетете се да ги прегрнте оние кои се покрај вас, затоа што тоа е единственото богатство, а нема да ве чини ништо. Сетете се да му кажете „Те сакам“ на вашиот партнер и на вашите сакани, но најважно е искрено да го мислите тоа. Смејте се почесто, подолго и поискрено. Смејте се додека не го изгубите здивот.

Текстот е напишан од американски комичар, Џорџ Карлин, по смртта на неговата сопруга.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button