Познатата пејачка повторно во светот на модата – Селена Гомез дизајнираше женска облека

Селена Гомез спремна е да ја лансира својата прва колекција со облека

Познатата американска пејачка по големиот успех што го постигна со колекцијата чанти оваа година дизајнираше и облека со познатиот бренд „Coach“.

ADVERTISEMENT

Станува збор за женствени парчиња со кои, како што вели Селена, сака да ја зголеми самодовербата кај претставничките на понежниот пол. Таа не крие дека времето поминато со екипата од „Coach“ го поминала одлично.

„Возбудена сум многу. Не можам да дочекам сите да го видат она што го правевме во изминативе неколку месеци“, вели Гомез за странските медиуми.

Инаку, таа во август 2017 ја претстави колекцијата со чанти од истиот бренд и тоа само неколку месеци откако стана заштитно лице на оваа луксузен американски бренд.

Њујоршката модна куќа беше во криза неколку години, но по соработката со Селена повторно се вратија во игра

Facebook Comments
No Comments Yet

Leave a Reply

Your email address will not be published.