Ти беше мојата причина за живот. Мојата радост и мојата мотивација.
Ти беше мојата причина за живот. Мојата радост и мојата мотивација.
Ти беше мојата сила која ме туркаше напред и правеше да го сакам животот. Несвесно влезе во мојот свет и му ги подари најубавите бои. Се прашував со што заслужив Бог да ми ја подари оваа неизмерна радост. Деновите беа посветли, а ноќите веќе не беа глуви како порано. Сега имав некој до мене, некој за кого би го дала целиот свет.
Но, каква би била среќата, без да ја почувствуваме тагата?
Одеднаш илјадници прашања почнаа да ми навираат во мојата глава, заглушувајќи го секој звук на радост. Дали животот ми подари само еден миг среќа, а потоа ми ја одзема, оставајќи ме во бунило? Дали навистина љубовта е осудена да тагува?
Ти се промени.
Можеби сигурноста која ја чувствуваше до мене те направи бесчувствителен.
А спомените навираат како и солзите по моето лице. Боли секој нов чекор и секој нов ден. Во градите чувствувам тежина како никогаш до сега. Те гледам, исчезнуваш од моите раце. Бегаш од моето тело. Ништо повеќе не може да те задржи овде, во „најтоплата прегратка“ како што ја нарекуваше ти.
Си одиш. А секој ден ме боли сѐ повеќе.