Реклама
Култура[тор]

Изложба на Сандра Соломонова, НГМ, Мала станица

Реклама

Почитувани, Ве информираме дека во Националната галерија на Македонија објект Мала станица на 21.06.2012 година ( четврток ) во 20 часот ќе биде отворена самостојна изложба на графики на уметничката Сандра Соломонова.

Маркетинг

Сандра Соломонова дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје 2006 година, а магистрирала на истиот факултет во 2010 година.

Делата на Соломонова се карактеризираат со изворна афирмација на сложените графички техники ( сува игла, акватинта и др.), како и со нагласената интелектуалност во пристапот кон визуелната уметност. Тие се одликуваат со леснотија, филозовска содржина и психолошка продлабоченост, а над се доминира цртежот, кој сведочи за изворната блискост на творецот со замислата и творечката вештина.

Маркетинг

alt

Слободата која Сандра Соломонова ја издвојувала некогаш од класичните теми, од фигури, предели, ги изместува со експресивна тенденција во апстрактни подрачја, во формативна имагинација, независна и во себеси целосна, интегрирана во областа на „мислата“.

Графиките во континуитет се карактеризираат со различен приод или со варирање на една тема во повеќе структурни и хроматски решенија. Експресивноста на елементите се спротиставува на силите во континуитет на рационалниот приод, а ефектот со извесна декоративна јасност на преставата.

Боените состави се конципирани во дијапазон од потемни до посветли вредности освојувајќи го просторот на белото, зеленото и византиското жолто.Во најуспешните остварувања се внесени графички сугестии за интимниот простор на сеќавањата, како и за ликовниот израз што е компониран од разни искуства и форми на модерната уметност. Графичките остварувања преставуваат поттик за уште попродлабочена анализа, а воедно провоцираат, овозможуваат и нови приоди, размисли и толкувања на нејзиниот сликарски опус. 

Изложбата ќе ја отвори г-а Халиде Палоши директор на НУ Национална галерија на Македонија.

alt 

alt

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button