Реклама
Нега и здравје

Препорака од фитотерапевтите – природни рецепти за исфрлање на шлајмот за возрасни и деца!

Реклама

Доколку имате проблем со шлајм во грлото или белите дробови фитотерапевтите препорачуваат лекување со лековити билки кои ќе го поттикнат исфрлувањето на шлајмот и ќе ја ублажат кашлицата.

Како најдобри решенија за исфрлање на густиот наталожен секрет се препорачуваат чаеви и пијалаци од бел слез, жалфија, ловор и црна ротква.

Маркетинг

Чај од бел слез

1 лажичка корен од бел слез се прелива со 2 dl ладна вода и се остава во поклопен сад 6 – 8 часа, потоа се прецедува и се пие во мали голтки. Чајот се пие 2-3 пати дневно, без шеќер или мед.

Маркетинг

Сируп од мешавина билки (бел слез, ленено семе и жалфија)

Белиот слез се покажал како многу ефикасен за исфрлање на шлајмот и кај деца и кај возрасни исто така и во комбинација со ленено семе и жалфија. Измешајте по 1 лажичка корен од бел слез, ленено семе и жалфија. Ставете 2,5 децилитра вода во тенџере и додадете 100 g жолт шеќер. Кога ќе се растопи шеќерот додадете ги измешаните билки и еден лимон, убаво измиен и исечен на парчиња. Варете на тивок оган околу 15 минути, а потоа тргнете го тенџерето од шпоретот и процедете ја течноста. Се зема по 1 мала лажичка од сирупот 4 пати на ден додека не се почувствува подобрување. Вака подготвениот сируп се чува во фрижидер.

Сируп од црна ротква и црвен кромид

Ставете во блендер 2,5 децилитри сок од лимон, една полна шолја мед, една средна главица црвен кромид исечен на парчиња, шест чешниња лук и една поголема црна ротква, излупена и исечена на парчиња, и блендирајте се додека не добие воедначена смеса. Ставете ја смесата во стаклена тегла и оставете ја во фрижидер да отстои една недела. Потоа земајте од сирупот 3 пати на ден по 1 лажица, околу половина час пред јадење.

Сируп од пиво и кафеав шеќер за искашлување на шлајм од грлото

Ставете 150 g кафеав шеќер во поголем сад и загревајте на умерен оган додека не се стопи и добие боја на карамела а потоа додадете 5 децилитра пиво и варете дваесетина минути додека не добиете сируп со густина малку претка од мед. Тргнете го сирупот од огнот и оставете го да се олади, а потоа префрлете го во соодветна стаклена тегла и чувајте во фрижидер. Се зема по една голема лажица 3 пати на ден пред јадење.

Чај од липа за исфрлање на шлајмот за деца

Едно одлично решение за исфрлање на шлајмот кај децата е чајот од липа. Давајте им на децата неколку денови и ќе забележите дека кашлицата ќе се смири и ќе се забрза исфрлањето на наталожениот секрет. Чајот од липа исто така го поттикнува потењето, што е многу важно во случај на настинка или грип. Чајот се пие топол, најдобро наутро и навечер, или по потреба, а се подготвува така што 2 мали лажички цвет од липа се прелеваат со 5 децилитра врела вода и се остава да отстои дваесетина минути. Потоа се процедува и се додава мед и сок од лимон.

Премини на следната страна >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
1 2Следна страница

Поврзано

Back to top button