Реклама
MAMAРецепти

Рецепт: Смути од кафе за совршено утро

Реклама

Смути е пијалак полн со антиоксиданси, витамини и други хранливи материи, а во зависност од тоа кои состојки ќе ги употребите, зависи и кој ќе биде крајниот ефект кој ќе го почувствува вашето тело.

ФОТО: furtherfood.com

Во многуте комбинации кои постојат, а веруваме дека многу и сте испробале до сега, постои и една состојка која моментално ќе ве разбуди, но и ќе ви ја обезбеди потребната енергија, секако, во комбинација со другите состојки. За овој пијалак со кафе би можело да се каже дека е два во едно: и појадок и кафе. Брз, едноставен, корисен… смутито со кафе е напиток кој сигурно ќе ве разбуди и ќе ве држи сити.

Смути со кафе и банана

Потребни состојки:

Маркетинг
  • 2 зрели банани
  • 200 милилитри јако црно кафе
  • 300 милилитри млеко
  • Малку бадеми
  • 4-5 лажички овесни снегулки
  • 7 свежи урми (или по вкус)
  • 1 лажичка чиа семе
  • Половина лажичка цимет
  • 5-6 коцки лед

Начин на подготовка: Сварете го кафето и оставете го да се олади. Бадемите оставете ги потопени во вода преку ноќта (не е неопходно, но е пожелно). Во блендер ставете ги излупените банани, ладното кафе, млекото, натопените бадеми (без водата во која стоеле), урмите (без семки), овесните снегулки (и нив можете да ги оставите преку ноќ со малку вода), чиа семето, циметот, млекото и коцките лед, па сето тоа добро промешајте го.

Вреди да се обидете, можеби ова ќе стане вашиот омилен пијалак за почеток на денот!

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button