Темните бургунди нијанси се апсолутен хит за оваа сезона, без разлика дали ги носите на облека, обувки, нокти или на вашите усни!
Кармините во боја на „трула вишна“ даваат по малку драматичен, но истовремено гламурозен изглед и се совршен избор за сите дами кои сакаат да изгледаат неодоливо, таинствено и женствено. Што се однесува до нас, нам омилен кармин во оваа боја ни е карминот Matt Lasting Lipstick од Seventeen (нијанса N.44).
К А К О И З Г Л Е Д А
Карминот е „спакуван“ во елегантно пакување во сребрена металик боја со минималистички стил кој ќе ве освои на прв поглед.
К Л У Ч Н И С О С Т О Ј К И
Карминот е збогатен со масло од манго и јојоба и не содржи парабени.
З О Ш Т О Г О С А К А М Е
Станува збор за кармини со долготраен мат ефект на усните, во модерни есенски нијанси, со заштитен фактор СПФ 15. Карминот е во елегантно сребрено пакување, не остава трага и збогатен е со масло од манго и јојоба за длабока хидратација и нега на усните.