Реклама
Блогерија

Пролетни комбинации на девојки од Македонија кои се популарни на Инстаграм и Фејсбук

Реклама

Инспиративни пролетни комбинации на нашите девојки!

Периодот од годината познат по ненадејните промени на времето конечно е зад нас и сега можеме слободно да уживаме во пролетните приказни раскажани преку пролетната гардероба која е убава, лесна и полна со најразлични весели бои, надополнета со нови шик фризури и шминка во посветли нијанси. Сите како едвај да чекавме да ја спакуваме зимската гардероба и да почнеме да шетаме на сонцето во нови изданија. На улиците и на социјалните мрежи се појавија шик девојки во прекрасни пролетни комбинации, а ние издвоивме неколку од нив како главни актерки во пролетната приказна што сакаме овде да ви ја раскажеме.

Маркетинг

Дани Ѓуровска (@dgjurovska)

Маркетинг

Пролетните street style комбинации на овие девојки можат да ви послужат како инспирација како и вие да се облечете во следните неколку недели, без оглед на тоа дали надвор небото е совршено чисто или минува по некој облак. Се разбира дека времето за јакните со пердуви заврши, но од друга страна се уште не дошол моментот за шетање само по кратки ракави и шорцеви! Во овој период од годината најдобро е да комбинирате маица си кошула или тексас јакна која лесно можете да ја соблечете ако ви стане жешко. Или да носите маица во комбинација со бомбер јакна како што тоа го прави прекрасната Дани Ѓуровска. Ако пак сакате да се ослободите од комбинациите со фармерки-преку-хулахопки-плус-дебели-чорапи ви препорачуваме да пробате широки панталони кои се апсолутен хит оваа сезона.

Азизе Демиши од модниот блог rosee96 (@azzzdem)

Или облечете го вашиот нов пролетен фустан …

Ивана Наскова (@ivananaskova)

Или пак кратко здолниште …

Така некако во кратки црти би звучела нашата пролетна приказна која на најдобар можен начин ја раскажавме со овие прекрасни девојки. Но, заедно со оваа приказна ви подготвивме и едно изненадување. И тоа е поврзано со приказна, но со некоја ваша приказна. Која ние би сакале да ја слушнеме. Таа не мора да биде поврзана со модата, може да се однесува на некое ваше патување или какво било доживување што на некој начин е поврзано со вас и ја отсликува вашата уникатност. Покажете ни која сте апсолутната вие, онаа посебна и неповторлива личност која стои зад целокупното ваше постоење, доловена преку неколку избрани фотографии.

Александра Трпевска (@majestic.at)

Имено, во тек е новата кампања Absolute Me на B.U. која ги повикува сите девојки да ја раскажат својата приказна преку нивната веб платформа (види тука) и да освојат вредни подароци. Се што треба да направите е да се регистрирате преку Facebook или преку e-mail, да ги пополните бараните информации, да изберете наслов и да започнете со креирање на вашата „Absolute Me“ приказна која секако дека не мора да биде поврзана само со модата – можете да ја раскажете која сакате приказна која е поврзана со вас. Во неа можете да ги внесете и вашите најдобри пријатели. Или вашето милениче. Додека се шетате покрај некое езеро, стоите на шанк со пријателите или едноставно седите на некоја клупа со саканиот. А тоа ќе го направите така што откако ќе се регистрирате ќе закачите неколку фотографии (минимум 5) или видеа кои треба да ги објавите во минимум два дена (значи фотографиите не треба да ги објавите веднаш, туку тоа можете да го направите за целото време додека трае кампањата или минимум во два различни денови). Можете да објавите фотографии кои веќе ги имате објавено на Фејсбук или Инстаграм, или кои било други фотографии што ги чувате на вашиот компјутер или телефон. Или некоја фотографија што ќе ја направите непланирано, во движење, за да доловите некој посебен момент. И откако ќе ја комплетирате приказната можете да креирате и едно интересно видео што ќе содржи некои од фотографиите и истото да го споделите на социјалните мрежи.

Дани Ѓуровска (@dgjurovska)

Азизе Демиши (@azzzdem)

Ивана Наскова (@ivananaskova)

Дани Ѓуровска (@dgjurovska)

Вашите фотографии и видеа можете да ги објавувате се до крајот на конкурсот, а секоја недела ќе се избира „Приказна на неделата” која ќе биде наградена (ќе бидат доделени 30 B.U. Absolute Me сетови со тоалетна вода 50 мл и дезодоранс 150 мл).

На крајот од конкурсот (15. мај 2017) жирито ќе ги одбере добитниците на главните супер награди (iPhone 7 32 GB Rose gold и 2 карти за EXIT Festival).

Кампањата започнува на 15.03.2017 година и ќе трае до 15.05.2017 година.

Па, кликни тука и започни ја твојата приказна!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button