Реклама
Коса

5 природни средства за „пеглање“ на косата

Реклама

Ако сакате да имате права и убава коса, не мора постојано да користите средства за исправување на косата, да ја фенирате и пеглате, и да ја изложувате на негативни влијанија.

Маркетинг

Од топлината косата се суши и влакното пука. За промена, можете да се обидете да го постигнете истиот ефект со неколку природни препарати.

Производите за исправување на косата се многу популарни, но треба да имате во предвид дека хемикалиите што ги содржат имаат штетно влијание на здравјето и квалитетот на косата. Токму затоа овде ви нудиме неколку алтернативни решенија.

Третман со топло масло

Маркетинг

Маслото ја храни и негува косата, но исто така, третманот со топло масло може да ви помогне и да ја исправите косата. Измешајте маслиново и кокосово масло. По неколку третмани маслиновото масло можете да го замените со бадемово. Убаво втријте ја мешавината од масла во косата и потоа замотајте ја косата во топла крпа. Држете ја крпата 45 минути и потоа измијте ја косата со шампон.

Млеко

Млекото е многу делотворно за исправување на косата. Едноставно, ставете млеко во шишенце со распрскувач и прскајте по косата. Оставете да стои половина час, за косата да го впие млекото, а потоа измијте со шампон.

Сок од лимон + кокосово млеко

Изрендајте кокос, додадете вода, па потоа процедете ја добиената смеса за да добиете кокосово млеко. Додадете сок од лимон и оставете ја смесата во фрижидер да отстои неколку часа. На површината на смесата ќе се создаде кремаст слој. Токму тој слој треба да го нанесете на косата и потоа да ја замотате во топла крпа. Оставете да стои околу еден час и потоа измијте ја косата со благ шампон и оставете да се исуши. Косата ќе биде свиленкаста и мека и лесна за обликување.

Мед + млеко

Измешајте убаво мед и млеко за да добиете рамномерна паста. За подобар резултат во смесата можете да додадете изгмечени јагоди или банани. Нанесете ја смесата на косата и држете додека не се исуши. Потоа измијте ја косата со млака вода.

Маслиново масло + јајце

Изматете две јајца и додадете соодветна количина на маслиново масло. Убаво измешајте и нанесете на косата. Држете околу еден час и потоа измијте ја косата со благ шампон.

Треба да имате во предвид дека овие природни третмани нема да имаат исти резултати како исправувањето на косата во фризерски салон. Треба редовно да го повторувате третманот што сте го избрале од претходно наведените, најмалку два пати неделно, за да постигнете резултати. Сепак, ако косата ви е многу виткана и сакате да ја исправите, не очекувајте премногу од овие третмани, туку подобро упатете се на фризер. Овие третмани одлично делуваат за скротување на разлетана коса и исправање на умерено виткана или искршена коса.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button