Главниот виновник за вишокот килограми е бавниот метаболизам. Нудиме решение – рецепт за здрав овошен пијалак кој ќе ги забрза мрзливите црева и со кој побрзо ќе го истопите вашето салце!
Доколку судиме според коментарите што ги добивме од вас, водата Саси со чија помош можете да ослабите и до 10 килограми месечно, е повеќе од делотворна и им има помогнато на многумина да се решат од вишокот килограми преку лето. Но, доколку овој пијалак не ви легна“, или едноставно сакате да промените и да пробате нешто ново и поинакво, еве еден рецепт за многу сличен пијалак.
Состојки
1 литар зовриена вода
5 кесички зелен чај
1 портокал (цитрон или лимон)
1 рака свежо нане
Подготовка
Сварете ја водата и во неа ставете ги кесичките со зелен чај на три минути, а потоа извадете ги кесичките и оставете чајот да се излади. Во меѓувреме, исчистете го портокалот (цитронот или лимонот) и пресечете на парчиња. Во голем стаклен сад ставете го претходно подготвениот чај, додадете ги парчињата портокал и една полна рака нане.
Пијалакот оставете го во фрижидер преку ноќ за да се соединат состојките. Пред да го консумирате, исцедете го и пијте го три пати пред оброците. Резултатот ќе биде видлив уште по првите 7 дена.