Неверојатната приказна на Џенет – го победила ракот и истрчала 366 последователни маратони!
Ракот не може да опстане во средина полна со кислород, и според тоа, што повеќе кислород внесувате во вашето тело преку вежбање, дишење и консумирање на пченична трева, тоа подобро за вашето здравје, вели Џенет.
Џенет Мареј – Вејклин преживеала рак на дојката и истакнува дека успеала да се излечи со помош на сирова храна, медитација, физичка активност и нејзината интуиција, сето ова спротивно од она што и го препорачувале.
На почетокот на 2000 година и бил дијагностициран рак на дојка во фаза 3 и ѝ било кажано дека има уште само шест месеци живот, и тоа без никакви гаранции. Меѓутоа, во тие шест месеци, таа постигна одлични резултати во врска со нејзиното здравје, а исто така и учествуваше во стотици маратони во само една година. Токму така, во текот на само една година успешно се излекувала од ракот и активно учествувала во низа маратонски трки.
Таа објаснува дека и била понудена хемотерапија, но тоа за неа немало никаква смисла. „Веќе бев болна, зошто и понатаму да го загрозувам здравјето за да добијам уште шест месеци болест?”, вели Џенет.
Наместо да го прифати таквиот начин на размислување полн со страв кои многу лекари го наметнуваат во таква ситуација, таа решила да ги избегне нивните препораки за хемотерапија и зрачење, и да се сврти кон алтернативни методи за кои верувала дека се многу помудар и поздрав избор. „Повеќето луѓе го прават она што ќе им го кажат лекарите, бидејќи тие не се свесни дека можат да преземат одговорност и контрола над самите себе”, вели Џејн.
Значи, без двоумење, таа се откажала од традиционалниот третман на рак и почнала да истражува што може да внесе во своето тело за нешто да се промени. Она што најмногу имало смисла за неа била исхраната полна со хранливи материи кои се наоѓаат во сурова храна.
Џенет веќе била вегетаријанка во моментот на поставување на дијагнозата, и вели дека тоа многу и помогнало во борбата против ракот на дојка, како и нејзиниот постојан интерес за вежбање и одржување на добра кондиција.
Таа смета дека случајното изложување на штетни хемиски материи кои дошле до нејзината кожа и престојот на место каде што била изложена на токсични нивоа на загадување, довело до нејзината дијагноза. По добивањето на веста за ракот на дојката, и одбивањето на традиционалното лекување, таа се посветила на истражување и читање на искуствата на другите кои исто така решиле да се откажат од традиционалното лекувањето на ракот.
Повикувајќи се на многу книги и студии во кои се изложени различни несакани ефекти и спорни резултати, таа вели дека „колку повеќе читав, толку повеќе ми стануваше јасно што не треба да правам.”
Таа се определила за книгата на Рудолф Бројс за лекување на ракот според неговите методи кои се засноваат на пиење сокови во период од 42 дена. Методата се потпира на внесување на здрави намирници, а во нејзиниот случај вклучувала на пример цвекло, брокула, прокељ и т.н. По 42 дена според терапијата почнала да внесува и други намирници во исхраната освен соковите, како на пример моркови и зелени јаболка. Младата зелена пченица или пченичната трева исто така е задолжителна бидејќи организмот да се ослободи од штетните клетки.
{youtube}qI2TXfuICMU{/youtube}
„Ракот не може да опстане во средина полна со кислород, и според тоа, колку повеќе кислород можете да внесете во вашето тело преку вежбање, дишење, и консумирање на пченична трева, толку подобро”, објаснува таа.
Џенет вели дека идејата била да го истошти ракот, во исто време обезбедувајќи му ги на телото само неопходните хранливи материи, за да има сила.
Зошто физичката активност е добра во борбата против ракот
Џенет вели дека докторите и препорачале да ја намали физичката активност и да престане да трчи. „Според тоа, првото нешто што го направив”, вели таа со насмевка, „беше да го зголемам растојанието”. Уште еднаш, таа истакнува дека клетките на ракот не можат да преживеат во средина полна со кислород, и затоа смета дека вежбањето е од суштинско значење.Во 2013 година таа и нејзиниот сопруг истрча 365 маратони во 365 последователни денови, на 1 јануари 2014 истрчаа уште еден, со што поставија нов светски рекорд за најмногу последователни маратони.
Инаку, и двајцата имаат по шеесетина години! Тие велат дека нивната мотивација се базира на 100% сировата веганска исхрана, свеста за одржливоста и верата во човечката добрина и природното лекување.
Таа вели дека има многу енергија и дека се чувствувате фантастично.
„Несомнено е дека консумирањето на 100% сирова храна имаше значително влијание врз моето целокупно лекување и заздравување”, истакнува Џенет.
„Мојата дијагноза и на патот кон оптимално здравје беа едно големо искуство, и јас навистина сум благодарна за тоа. Сигурна сум дека ќе продолжам со сировата исхрана и дека и понатаму ќе имам користи за здравјето и продлабочување на свеста. Секој ден е возбудлив кога сте на сирова храна” , вели Џенет.
Џенет денес е авторка на книги за здравје, здрава исхрана и лекување на рак со сирова храна, и постојано одржува презентации и ги споделува нејзините искуства. За повеќе информации можете да го посетите нејзиниот веб-сајт: http://rawveganpath.com/
Извор: webtribune.rs