Реклама
Интервју

Прекрасната Росалинда во гламурозна креација од македонски дизјнер: Се чувствувам почестен!

Креацијата е инспирирана од костим што таа го носела кога јас не сум бил роден, вели низ смеа Јовановски

Реклама

Кралот на светкавото, македонскиот дизјанер Златко Јованосвки, кој твори под името JZJ,  одново има за што да се пофали.

Тој со својата уникатна работа се вивна во највисоките редови на модата. Познати светски имиња веќе носеа негови креации.

Маркетинг

 

По балканската дива Јелена Карлеуша, по светската пејчка Ава Макс и пејачката  и актерка Талија,  се облече во дизјан со потпис на JZJ.

Маркетинг

 

 

За нас познатата како Росалинда од некогашната популарна  серија во која ја имаше главната улога, оваа Мексиканка е многу популарна пејачка. На своја 51-годишна возраст Росалинда изгледа фантастично, а млораме да признаеме и дека креацијата на Златко совршено и стои.

Откако тој објави фотографија и напиша дека познатата ѕвезда е облечена во негова креација направивме интервју со дизјанерот за да ги дознаеме деталите.

Како настана оваа соработка?

Соработката е преку нејзиниот стилист. Талија има стилист кој што континуирано работи за неа. Тој ме контактираше, ми кажа дека многу му се допаѓа мојата работа и дека многу би сакал јас да дизајнирам за Талија. Нормално… јас одма прифатив.

 

 

Дали успеавте да се видите во живо со неа?Дали директно комунициравте со пејачката и актерка ?

Не сум се видел во живо. Со видео повик зборував со нејзиниот стилист, а со пораки сум пишувал со неа.

 

За која намена ќе ја носи вашата креација?

За која намена е облечена, не знам. Они имаат агенди на снимања денес за нешто што ќе биде објавено и за можеби една година.

 

Така да можеби наскоро ќе го видиме во некој спот…

Што за вас значи ова?

Искрено за мене значи многу. Јас сум горд на себе, горд на мојот бренд што го препознаваат стилисти на волку големи светски имиња. Тоа се стилисти кои што имаат достапност до сите дизајнери и брендови во светот, а за одредена прилика ме одбрале токму мене. Се чуствувам почестен.

 

Колку време ја праввевте креацијата?Што користевте ? Раскажете ни малку повеќе околу дизајнот.

За креацијата имавме околу 1 недела. Околу дизајнот се консултирав со нив… но околу материјалите и украсите решавав јас. Користено е плиш кадифе во candy розева боја. Аблемите се исполнети со разновидни монистри, стакла и камења со рачен вез во златна боја.

 

 

Дизајнот мораше да биде инспириран од нешто што таа има носено порано. Јас се инспирирав од костим кој што таа го има носено во 1992, година кога јас не сум ни бил роден хахах.

 

 

 

За крај, би додал да бидете вредни и верувате во себе и во она што го правите…
Ваш ЈЗЈ – Кралот на светкавото.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button