Реклама
MAMAКафе муабет

Околу мене еден куп празни и клише празнични честитки, а во срцата полни сме со омраза и завист

Реклама

По повод новогодишните и божиќните празници, си разменивме еден куп честитки. Но, колку од нив навистина ги посакуваме? Дали со искрено срце некому му упатуваме честитка за успешна година и топол Божиќ?

ФОТО: imgflip.com

Социјалните мрежи ни направија секој да ни биде лесно достапен. Но со нив на некој начин се губи и празничната магија. Пријатели кои на улица не’ oдминуваат, на Фејсбук ни испраќаат честитки за мир во домот… Прератена честитка од некој друг, ништо свое, ништо искрено. Само повод за внимание и да се биде забележан.

Не ми се допаѓа она во што ги претвораме празниците. Не сакам да добијам формална и клише честитка, која претходно била пратена на уште илјада случајно избрани „пријатели“. Не сакам да чувствувате обврска да ми ги честитате празниците, само зашто тоа го прават и го споделуваат сите ваши пријатели на Фејсбук.

Маркетинг

Доволно ми е со најблиските да си честитаме и да си размениме честитки за љубов, благосостојба, хармонија, среќа. Би биле многу посреќни доколку сите си го штитиме својот дом и доколку вложуваме во него. Социјалните мрежи се само формалност, каде што сите сме топли и полни со емпатија, но внатре во срцата им завидуваме на оние кои за Нова година заминале на егзотично патување.

Не ми се допаѓа новата ера која доаѓа. Полни сме со различни ископирани празнични честитки, но празни сме во срцата зашто нема кој да не’ прегрне…

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button