Реклама
Интервју

Пет прашања и пет фотографии со прекрасната Јована Зука

Реклама

Пред неколку години еден пријател ми го покажа блогот на Јована Зука додека зборувавме нешто за модна фотографија и од тогаш не само што редовно ја следам, туку и се навраќам на некои нејзини постари постови кога ми треба инспирација.

Јована е мултиталентирана девојка која преку ден работи во маркетинг агенција, а потоа (како и сите суперхерои) работи на нејзината веб-страна After Two Five каде што го бележи нејзиниот личен стил како и инспирациите и ни ги претставува проектите каде таа работела како стилист, фотограф, креативен консултант. Со Јована позборувавме за спојувањето на бизнисот, уметноста, модата како и за инспирациите кои ја водат.

Маркетинг

Имаш студирано меѓународен бизнис и историја на уметност паралелно во Америка. Како успеа да ги усогласиш овие две навидум неспоиви сфери?

Маркетинг

Остварувањето на професионален план бара стручност и во повеќе од две навидум неспоиви сфери. Поради тоа, две студии со комплетно различни програми беа логичен чекор за мене, затоа што една едноставно не ги покриваше сите работи кои сакав да ги истражувам. И факт е дека уметноста и бизнисот се и тоа како поврзани една со друга, а и двете се поврзани со модата. Не постои креативна дејност без бизнис.

Како успешно го адаптираше тоа знаење во нашата средина?

Знаењето стекнато на факултет е база која овозможува квалитетен пристап на работа и аналитички и конструктивен начин на размислување, но значи многу малку без часови и часови поминати во одредена дејност и без желба за постојано доусовршување.

На јавноста си и’ доста позната по твојот беспрекорен моден блог After Two Five преку кој одлично ги прикажуваш и твоите способности како стилист и фотограф меѓу другото. Која ти беше идејата кога го почнуваше блогот?

After Two Five е и дневник и портфолио, каде што експериментирам и го развивам мојот фотографски и моден стил, за што сметам дека треба и време и посветеност. Овој простор е приказ на сè што сум, сè што носам, сè што ме инспирира и сè што работам.

Од каде ја црпиш инспирацијата за постирање на блогот? Колку уличната мода низ Скопје има удел во тоа?

Инспирацијата доаѓа сама по себе, од сите несекојдневни моменти во секојдневието, од сето она што го следам на дневна база, од филмови, серии, музика, од одредено чувство, парче облека, дизајнер, уметничка слика, фотографија, локација.

Дали има некоја модна или уметничка соработа за која што сонуваш за во иднина?

Да го донесам Кристо да покрие некои работи во Скопје и да стилизирам и фотографирам едиторијал со парчиња на Хаидер Акермен, Луј Витон, Баленсијага и Версаче од 1990-тите на „Gibbs Farm“ во Нов Зеланд.

Tекст и фото: Ерина Богоева

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button