Реклама
CATWALK

Што се носи во Скопје оваа есен – најдобрите комбинации на посетителите на FWSK

Реклама

Моден викенд Скопје оваа сезона се одвиваше под мотото  #Stopthetraffik.

Настанот заврши со одлична ревија на една од нашите омилени дизајнерки, Ирина Тошева, која се одржа во Иновативниот центар на Македонски Телеком. И додека прекрасните креации на македонските дизајнери се изменуваа на модните писти, верните љубители на модата кои седеа во првите редови покажаа кои се трендовите што им се допаѓаат најмногу и на тој начин, заедно со модните парчиња што ги видовме на пистите, ги оцртаа контурите на сето она што ќе биде актуелно и во тренд во следниве неколку месеци.

Маркетинг

Од фустани со цветните мотиви до кратки топови во комбинација со тесни здолништа, фустани со средна должина, „оверсајз“ сакоа и тренди панталони позајмени од машките плакари, мрежести чорапи и високи чизми над колена комбинирани со женствени (или светкави) детали и елегантни модни додатоци – погледнете како изгледаа нашите вљубенички во модата на еден од најпознатите модни настани во Македонија.

Маркетинг

А ако случајно се пронајдете на една од овие фотографии споделете на Инстаграм со хаштагот #cthrumakeastatementMKD и можеби ќе освоите еден од прекрасните подароци …

MAKE A STATEMENT

Време е и вие да го исполните вашето секојдневие со гламур и да блеснете како една од овие девојки, но и да освоите некоја од следниве награди. Имено на социјалните мрежи во моментов се одвива кампањата MAKE A STATEMENT на C-THRU кој беше и официјален парфем на FWSK. Главната награда е вредносен ваучер од 9000 денари за шопинг во Зара, како и десет сетови од C- Thru Glamourous (тоалетни води од 30мл и дезодоранс од 150мл). Се што треба да направите е да споделите ваша фотографија на Инстаграм на која ќе го покажете вашиот гламурозен став, на која блескате и фасцинирате,на која се гледате вие или дел од вашата облека, мирисливи свеќи и уникатни модни додатоци и сл.. Фотографијата закачите ја со хаштагот #cthrumakeastatementMKD и можеби токму вие ќе бидете една од среќните добитнички.

Па, покажете го вашиот гламур и забавувајте се!

Повеќе за правилата и условите прочитајте на следниот линк >>

MAKE A STATEMENT »

 

Фото: Ерина Богоева

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button