Реклама
Рецепти

Погача со ореви и цитрусно овошје

Реклама

Оваа блага погача одлично ќе ви дојде во комбинација со кафе или чај. Има многу различни, а слични рецепти, а ние овој пат одбравме рецепта со ореви, портокали и лимон.

Маркетинг

By: Celeste Lindell

Состојки:

2 шолји (250 мл) брашно
лажичка прашок за пециво
160 мл. млеко
30 мл. сок од лимон
1 ½ лажица кора од лимон
1 ½ лажица кора од портокал
2 јајца

Маркетинг

By: Jessica Spengler

¾ шолја кафеав шеќер
½ шолја стопен путер
2 лажици екстракт од ванила
¾ шолја исечкани, тостирани ореви

Вклучете ја рерната на 180Ц, а калапот или тавата намачкајте ја со масло или путер. Во еден сад измешајте ги сите суви состојки (брашното, прашокот за пециво), а во друг сокот од лимон со млекото и кората од лимон и портокал. Матете ги шеќерот и јајцата со миксер додека не се растопи шеќерот, околу 5 минути, потоа додадете ја ванилата и растопениот путер, а потоа постепено додавајте го брашното и млекото. Можете истовремено да матите со миксерот, со тоа што брзината треба да биде средно јака. На крајот измешајте ги оревите со дрвена лажица, сипете ја смесата во соодветна тава и печете од 30-35 минути. Пред да послужите посипете со шеќер во прав.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button