Реклама
Култура[тор]

Placebo Battle for The Sun: Redux Edition

Реклама

„Најавувајќи повеќегодишна пауза со која ќе се одморат и ќе ја започнат работата на новиот студиски албум,  Placebo на крајот од септември одлучија да го објават реизданието на последниот албум “Battle For The Sun” дополнето со бонус диск од необјавени материјали, како и преснимени песни од различните фази на нивната кариера.“

Последниот сингл од регуларното издание  “Battle For The Sun” е објавен во модифицирана верзија па така за првпат го имаме Stefan Olsdal како вокал што беше доволно радиската верзија на синглот да биде објавена на реизданието.

Многу мали интервенции се направени и во мрачната балада “Blind” од албумот  “Meds” електронските делови се отстранети што одлично функционира во оваа балада, но тоа не е случај со енергичната “Because I Want You To” бидејќи со направените измени е одземена нејзината енергија и страст и со еден збор е претворена во ужасно досадна песна.

Маркетинг

Ако во 15-годишниот опус на  Placebo некоја од песните се смета за антологиска класика, тогаш тоа сигурно е  “Soulmates” па така со преснимувањето на оваа песна, креатвните импулси кои се чувствуваа во нејзиното оригинално издание сега се осквернавени и изгубени.

Најпосле, реизданието содржи и две сосема нови песни, актуелниот сингл “Trigger Happy Hands”, песната која успешно заживеа на светската сцена, додека во студиска варијанта звучи просечно, што е сепак доказ дека Placebo се првенствено live бенд, како и песната “Unisex”.

Маркетинг

“Battle For The Sun: Redux Edition” е мал експеримент наменет за најголемите обожаватели кои после нивниот последен албум, ќе мора донекаде да се задоволат со ова издание на Placebo додека го очекуваат нивниот нов студиски производ.

1.    Trigger Happy Hands
2.    Monster Truck
3.    Breathe Underwater (Redux)
4.    Unisex
5.    Because I Want You (Redux)
6.    Blind (Redux)
7.    Drag (Redux)
8.    Twenty Years (Redux)
9.    Soulmates (Redux)
10.    Trigger Happy Hands (Buffalo Daughter Remix)

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button