Не верувам дека постои некој што досега не слушнал дека треба да пиеме барем 8 чаши вода дневно за соодветна хидратација на организмот и прочистување од токсините.
Скоро и да нема диета во која не е наведено дека треба да се пие многу вода или евентуално растителни чаеви. Водата како и овошјето и зеленчукот што содржат голема количина на вода се многу полезни за здравјето, се препорачуваат за слабеење и одржување на линијата и дури и даваат енергија и го отстрануваат уморот. Водата помага да се ослободите од вишокот течности во организмот и исто така овозможува редовно празнење и отстранување на чувството на подуеност.
Доколку сакате да се ослободите од вишокот килограми, најдобро е тоа да го направите постепено, со регулирање на исхраната и со воведување на физички активности, макар и пешачење. Водата Саси може да ви помогне на патот кон идеалната тежина. Водата го добила името по американската новинарка и нутриционистка Синтија Сас која ја осмислила а подоцна и патентирала рецептата за водата Саси која набргу стекна неверојатна популарност. Самата Синтија се соочила со проблемот на вишок килограми по породувањето што ја поттикнало да осмисли универзална рецепта за слабеење за да им помогне на сите жени кои се соочуваат со истиот проблем. Со пиењето на водата Саси на сосема безбеден начин без никакви последици по здравјето можете да се ослободите од дури 10-12 килограми за еден месец. Што е најинтересно од се, водата се подготвува многу лесно и едноставно и потребните состојки се лесно достапни и прилично евтини. Еве ја тајната:
Премини на следна страна >>