Реклама
Рецепти

Пица од шпагети

Реклама

Ако ви се јаде пица, но не ви се меси тесто, или не ви се оди до продавницата да купите готово, можете да го подготвите ова јадење кое претставува спој од најпопуларните италијански јадења, и се нарекува пица од шпагети.

Овој рецепт исто така одлично ќе ви дојде кога брзате да подготвите ручек, па во недостаток на време, намирници или идеи, гледате што побрзо да завршите работа со она што го имате дома.

Маркетинг

Потребни состојки:

–    Едно пакување шпагети
–    1,5 шолја сос за шпагети (по ваш избор, она што најчесто го користите)
–    2 шолји изрендана моцарела
–    Тенко исечен кулен, шунка, чајна или сл. по ваш избор (што инаку би го ставиле на пица)
–    2 лажички маслиново масло.

Маркетинг

Ставете ги шпагетите да се варат, но тргнете ги од огнот мунута-две пред наведеното време за варење на пакувањето, прецедете ги, додадете 2 лажички маслиново масло и тргнете ги на страна.

Земете соодветен правоаголен огноотпорен сад, премачкајте го со сосот, па ставете еден слој од варените шпагети, одозгора ставете ја изренданата моцарела, а врз неа наредете кулен или чаен колбас.

Потоа ставете уште еден слој шпагети, сé убаво прелијте со сосот и останатиот дел од моцарелата, па одозгора повторно наредете кулен или чаен колбас.

Печете 20-30 минути во рерна загреана на 160 степени.

Добар апетит!

Извор: Thebestblogrecipes

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button