Реклама
Рецепти

Печен компир на грчки начин

Реклама

Лесен и брз начин на приготвување на компир со мали финеси кои допринесуваат до малку поинаков, но сочен и неодолив вкус.

alt 

Рецептов е прилагоден за домашна подготовка, во електрична рерна. Сепак, колку и да не ги сакаме грците, мора да признаеме дека овој специјалитет заслужува пофалба.

Маркетинг

Подготовка:

alt

Маркетинг

Во зависност од бројот на членовите за кои се подготвува, пропорциите може да се зголемат или намалат. Овие намирници се планирани за 4 особи.

Еден килограм компири, може и лупени и неизлупени, се сечат на 4 еднакви парчиња. Настрана во широк мал сад ставаме: 5 супени лажици маслиново масло, 5 супени лажици од свежо исцеден лимонов сок, 1 лажица оригано и свежо истолчена цела главица лук. Откако ќе ги наредиме исечените компири во садот за печење, ги поливаме со претходно подготвената смеса, и го ставаме во рерна да се пече на 200 степени околу 45 минути, т.е. додека не омекнат компирите, како и добијат привлечна кора од печењето.

Се служи топло. За сервирање се декорира со свеж магдонос, сечкани чешни лук и една лажица павлака по избор. Добар апетит!

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button