Шпанската кралица и во патики изгледа шик
Шпанската кралица Летиција неодамна се најде на пописот меѓу најубаво облечените жени во светот според изборот на престижниот магазин „Vanity Fair“ и во друштво на модните икони како што се Ријана, Шарлот Генсбур, Даша Жукова и Кирстен Грин. Поранешната новинарка никогаш нема проблеми со стилот, па што и да облече и стои феноменално.
Така беше и кога ги однесе во школо своите ќерки Леонор и Софија облечена во едноставна комбинација со која ги воодушеви сите.
Кралицата која е позната по нејзината вештина да ги спојува скапите дизајнерски парчиња со оние од хај-стрит брендовите како што се Манго и Зара, овој пат изгледаше неодоливо во сина кратка јакна со спортски крој, бела кошула, светли фармерки и бели патики, а целата комбинација ја заокружи со ефективна црна чанта зачинета со нитни.
Познатите дами ја обожаваат оваа боја >>
Па, што велите за ова издание на кралицата?