Нова соработка на Vetements, овој пат со Reebok.
Познатиот бренд Vetements по соработките со Champion, Levi’s, Manolo Blahnik и многу други направи соработка и со спортскиот бренд Reebok, а како најинтересен резултат од соработката се секако патиките. Vetements x Reebok потсетуваат на патиките кои порано ги носевме во средно училиште, кога на големиот одмор ќе ни се потпишеа половина клас и уште неколку другари и другарки од 4а одделение. Ваквите имиња, презимиња, пораки и слогани се наоѓаа речиси на сите ранци и патики, а сега таков пар можете да си купите. Патиките веќе се хит на Инстаграм, а наскоро ќе се најдат и во сите продавници на Reebok.
Кратки чизми со карнери – најпопуларен модел на Инстаграм >>
Ги сакаме и ние – нови Најк патики кои се хит на Инстаграм >>
Извор: Fashion.hr