Реклама
Шминка

План во 3 чекори за отстранување на шминката пред спиење

Реклама

Ова е годината кога ќе го правите тоа – ќе го миете лицето пред спиење 365 пати.

Па, добро, изминаа само неколку недели и можеби сте пропуштиле нешто. Но, ајде да го разгледаме овој план за да не измине уште некој ден напразно.

Маркетинг

 ПРВ ЧЕКОР: 

Подготвување за успех. Ова значи поставување на сите ваши производи за нега на кожата во вашата бања така што ќе си го олесните целиот процес. Распоредете ги производите според редоследот на користење, со цел да бидете сигурни дека ги имате сите нешта што ги претпочитате при рака (чисти памукчиња, крпи за лице, итн) и осигурајте си солидна залиха. Тоа го прави разлика, верувајте.

Маркетинг

 ВТОР ЧЕКОР: 

Елиминирање изговори. Носете си лосион за лице во бебешко шише во вашата торба поради неочекувано ноќевања надвор од дома. Ставете си бришачи за лице крај креветот за ноќите кога навистина не ќе можете да одите во бањата. И, оставете стегачи за коса крај секое лавабо. За сѐ што може да ви користи како изговор да не ја извадите шминката навечер, изнајдете решение сега. Вие најдобро се познавате себе си.

 ТРЕТ ЧЕКОР: 

Поставување потсетници. Ако сте тип кој едноставно заборава, подесете го алармот на вашиот телефон – еден час пред спиење може да биде вистински трик или, можеби, ставете стикер на огледалото во бањата, во стилот: „Еј, не заборавај да си го измиеш лицето”. На крајот ова ќе ви стане навика и да – НЕМА да ви треба потсетување. Но, сега-засега можеби ви треба подбуцнување.

Проверете ги овие три ставки уште еднаш и веднаш започнете со планот! Освен ова, доколку се обидувате да ја пуштите косата да ви расте оваа година, ова е вашиот акционен план.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button