Реклама
Кафе муабет

Остануваме на онаа возраст на која не сме биле доволно сакани …

Реклама

Во зрелите години со овие луѓе е тешко да се оствари контакт, во односите тие често ги подложуваат своите партнери на испитување и проверка на довербата. Во блиските односи можат да се чувствуваат беспомошно и ранливо.

​Често се среќавам со луѓе кои имаат 20, 30 или 40 години, но тоа е однадвор. А внатре како да останале во раното детство и се уште ја очекуваат љубовта која тогаш не ја добиле доволно. И остануваат таму се додека не научат да пронајдат задоволство во себе.

Маркетинг

Секоја возраст има свои потреби, што значи дека љубовта и вниманието од родителите со секоја година имаат свои особености.

Во раното детство почнува да се формира довербата, така што тогаш за детето љубовта е сочуствителната грижа на мајката за неговите потреби. Ако на оваа возраст мајката била невнимателна, го отфрлила детето и т.н., тогаш тоа може да придонесе да се формира кај детето сомнеж и страв за својата благосостојба.

Маркетинг

Во зрелите години со овие луѓе е тешко да се оствари контакт, во односите тие често ги подложуваат своите партнери на испитување и проверка на довербата. Во блиските односи можат да се чувствуваат беспомошно и ранливо.

Малку подоцна, од 2-3 години, детето учи да биде независно и да развива самоконтрола. Ако родителите го попречувале развојот во овие насоки, на пример, нестрпливо и упорно го правеле она што детето може лесно да го направи само, или обратно, очекувале да прави работи што детето не е во состојба самостојно да ги направи – тогаш се создава чувство на срам.

А ако родителите постојано прекумерно бдеат над детето, со самото тоа остануваат глуви за неговите вистински потреби, тогаш кај детето се создава сомнеж во неговите способности, контрола на окружувањето и самоконтрола.

Дури и како возрасни, овие луѓе, наместо да бидат сигурни, тие мислат дека другите ги набљудуваат и дека кон нив се однесуваат со сомневање и неодобрување. Исто така, кај нив можат да се појават опсесивно-компулсивни симптоми или параноиден страв од следење.

Љубовта за дете на возраст од 3-6 години е поттикнување на самостојни активности и поддршка на иницијативи, како и одобрување на љубопитноста и креативноста. Ако родителите во текот на овој период не дозволуваат детето да дејствува самостојно, претерано го казнуваат како одговор на нивните потреби, кај него се развива чувство на вина.

Потоа, во зрелата возраст, таквите „големи деца” немаат доволна насоченост кон целите и одлучност да постават реални цели и да ги постигнат. Покрај тоа, постојаното чувство на вина може да предизвика пасивност, импотенција или фригидност, како и психопатско однесување.

На училишна возраст се формира вреднувањето. Ако во тој период сте се сомневале во способностите на детето или во статусот меѓу врсниците, тоа може да го обесхрабри да продолжи да учи, а исто така, може да се создаде чувство на инфериорност, кое подоцна кај него ќе ја убие сигурноста во сопствените способности ефикасно да функционира и егзистира во светот.

Ако децата ги доживуваат успесите и работата на училиште како единствен критериум за оценување на нивните вредности, како возрасни личности, тие можат да станат „работна сила” во воспоставеното хиерархиско општество.

Ви предлагам да му пружите рака на вашето внатрешно дете и да му помогнете да порасне. За да го направите ова, најдете ваша слика од кога сте биле дете или едноставно замислете го детето кое живее во вас. Колку години има? Како изгледа? Што мисли? Кој е покрај него? Што го мачи?

Разговарајте со него …

Земете хартија и две пенкала со различни бои: едното во десната рака, а другото во левата. Ако сте деснак, со десната рака пишувајте во име на возрасната личност, а со левата рака – во име на вашето внатрешно дете. Ако сте левораки, направете обратно.

Во дијалогот сте вклучени само вие и вашето внатрешно дете. Кој од вас двајцата ќе се обиде прв да воспостави контакт? Со што ќе ја започнете комуникацијата? Можете да добиете неочекувани одговори на вашите прашања.

Сега кога го пронајдовте детето и стапивте во комуникација со него, време е да воспоставите односи со него. Комуницирајте со детето внатре колку што сакате. Прашајте го што му недостасува. Дајте му го она што го сака. Викајте го по име, кажувајте му топли, убави зборови, и искажете му ја својата љубов. Посоветувајте го за нешто.

Бидете му таков родител каков што тогаш вам ви бил потребен.

Автор: Irina Parfjonova  

Извор:  econet.ru 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button