Реклама
BEAUTYНега и здравје

Ослободете се од стресот за само 5 минути со оваа брза и лесна масажа на прстите

Реклама

Масажата се применува со векови и се смета за најефикасно средство кое овозможува да си го сочувате здравјето. Токму поради тоа, последните десет години таа стана уште попопуларна. За жал, денес речиси сите сме изложени на одреден вид стрес, а ретко можеме да пронајдеме време за да отидеме во салон за масажа.

Затоа, оваа петминутна масажа на прстите кое може да се практикува во кое било време, ќе ви биде од голема корист. Таа е едноставна и ви донесува максимално позитивен ефект, за минимално време. Со масажата на прстите ќе ги опуштите напнатите мускули и ќе бидете посреќни.

Маркетинг

Вежба 1

Фатете го малиот прст со палецот и показалецот, лесно протресете го со цел да го ослободите мускулот од напнатоста. Вртете го во правец на стрелките на часовникот. После 10 секунди променете го првецот, а вежбата повторете ја со сите прсти на рацете.

Вежба 2

Притискајте го коренот на секој прст. На крајот на палецот се наоѓаат рефлексни зони поврзани со градите, па со ова ќе ги ослободите дишните патишта и носната шуплина.

Маркетинг

Вежба 3

Стиснете ја раката но на тој начин што внатре ќе ви остане празен простор и таму ќе го ставите палецот од другата рака. Склопете ја раката и цврсто стегнете го палецот, па полека и лесно извлекувајте го, како да се обидувате да го истегнете. Истото направете го и со другите прсти.

Вежба 4

На крајот протресете ги рацете. Потребно е во нив да почувствувате топлина и опуштеност.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button